НБА МВП награда: Чарлс Баркли се намачи да ги прочита Јокиќ и Адетокунбо

НБА ги објави имињата на тројца кандидати за МВП наградата во сезоната 2022/23.

Очекувано, Никола Јокиќ е едно од предложените имиња, покрај Јанис Адетокунбо и Џоел Ембиид. Тројцата беа во потесниот круг и минатата сезона кога центарот на Денвер ја освои втората последовна награда за најкорисен играч.

Српскиот кошаркар е на добар пат да го направи тоа третпат по ред, со што би им се придружил на Вилт Чемберлејн, Бил Расел и на Лери Бирд како единствени играчи со по три МВП признанија.

Според најновиот пресек на НБА лигата, токму Јокиќ е главен фаворит откако уште еднаш ја прескокна „петката“ на Филаделфија Џоел Ембиид. Неговиот Денвер го освои првото место на Запад за прв пат во историјата. Имаше просек од 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции.

URL

Ембиид е водечки стрелец во лигата со просек од 33,1 поен. Покрај тоа, има 10,2 скока и 4,2 асистенции. Адетокунбо зад себе ја има најдобрата шутерска сезона со просек од 31,1 поен со 11,8 скока и 5,7 асистенции.

Во Топ 10 се најдоа и Џејсон Тејтум, Донован Мичел, Домантас Сабонис, Шаи Гилгес-Александер, Лука Дончиќ, Џејмс Харден и Кевин Дурант.

Не е познат точниот датум на доделувањето на оваа престижна награда.

Тешка задача за Баркли

Честа да ги прочита имињата на кандидатите ја имаше екипата од познатото шоу Inside the NBA, составено од пензионираните кошаркари Шекил О'Нил, Кени Смит и Чарлс Баркли и водителот Ерни Џонсон.

На ред дојде Баркли да ги прочита кандидатите за МВП наградата. Легендата на НБА имаше големи проблеми со имињата.

„Џанис од Бакс“, почна Баркли, на што остатокот од тимот праша: „Како се презива?“

„Антекумпо...“ несигурно одговори Баркли и продолжи да чита. Немаше проблем со Џоел Ембиид од Филаделфија 76ерс, а потоа дојде на ред и Јокиќ. „Никола Јокик од Денвер Нагетс“, прочита Баркли.

„Колку долго треба да играат овие луѓе за да им ги научат имињата?“, праша водителот.

„Јас го викам Џокер. Ембиид го викам Ембиид. Јанис е Грик Фрик. Не сме тука на часови по англиски", одговори Баркли.

Remote video URL
Тагови
реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе