Не англиско, најголемиот број Американци имаат ирско потекло

Америка е поранешна Британска колонија и поради тоа постои митот дека Американците во најголем дел се потомци на Англичаните. Но, тоа не е точно.

Истражувањето на потомството, кое секој жител на САД мора да го пополни при попис, открива дека од Стариот континент убедливо најмногу Американци имаат ирско потекло. Ова важи за тие што се родени во САД, не за имигрантите кои допрва го почнуваат својот нов живот или скоро го почнале.

Ирските доселеници продонеле кон модерните Американци со неверојатни 611%, додека англичаните не се ни на второто место. Најголемиот бран доселувања на Ирците во САД се случува во 19. век. На пописот во 2017 година дури 33 милиони Американци се декларирале како Ирци. Над 20% од населението се Ирци во сојузните држави Масачусец и Њу Хемпшир, а од 15 до 20% се во Род Ајленд, Меин, Вермонт, Делавер, Пенсилванија, Конектикат и Њу Џерси. Ирци се и поранешните претседатели Џон Ф. Кенеди, Роналд Реган, Џорџ Буш (и таткото и синот), а ирско потекло по мајчина страна има и Барак Обама. Ирец е и сегашниот кандидат Џо Бајден.

Застапеност на Ирци по сојузни држави во САД и Канада

Со 60 до 100% продонес се Шкотланѓаните, Велшаните и Норвежаните, три народи кои се на делба на второто место.

Тек потоа, на делба на третото место со 40 до 60% се Англичаните и Германците.

Швеѓаните, Данците, Холанѓаните, Полјаците, Литванците и Италијанците придонесуваат со 20 до 40%.

Португалците, Французите, Исланѓаните, Луксембуржаните, Швајцарците, Австријците, Чесите, Словаците, Словенците, Хрватите, Малтежаните, Албанците, Грците и Ерменците имаат од 5 до 20% придонес.

Сите останати, вклучувајќи ги и Македонците, имаат помалку од 5% придонес во американскиот народ. Тука спаѓаат Шпанците, Белгијците, Русите, Естонците, Латвијците, Украинците, Романците, Србите, Бугарите и Турците.

Потекло на Американците од Европа
Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Чек дис аут

7 најлегендарни изгубени градови

Read more

Топ 15 најморничави напуштени градови

Read more

Зоо измама: Обоиле кучиња и ги претставиле како панди

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе