Неколку навики што го загрозуваат квалитетот на сонот

Спиењето е неопходно за здравјето, за вашето тело да се опорави и да се подготви за нов ден. Недостатокот на квалитетен сон може да доведе до сериозни последици како срцеви заболувања и мозочен удар, затоа треба да се внимава на навиките што го загрозуваат.

Една студија од 2019 година објавена во списанието Diabetes Care покажа дека луѓето кои спијат помалку од 7 часа на ден имаат поголема веројатност да развијат сериозни нарушувања.

Премногу работа

‌Работата се наведува како главен виновник што ги спречува луѓето да спијат доволно. Освен тоа, работата е поврзана со прерано станување и која често вклучува долги патувања кои можат дополнително да ја исцрпат личноста, а интересно е што недостатокот на сон поради работата може да резултира со послаби работни перформанси.

Користење на уреди пред спиење

Веројатно сте слушнале дека не е препорачливо да користите мобилен телефон во кревет, бидејќи тоа може да го наруши вашиот деноноќен ритам, поради што нема да можете веднаш да заспиете и да имате квалитетен сон. Најдобро решение е да ги оставите уредите најмалку еден час пред да одите в кревет.

Алкохол пред спиење

Иако многу луѓе се чувствуваат како да ќе заспијат после пиење, алкохолот всушност го намалува квалитетот на вашиот сон. Дури и малите количини алкохол може да го нарушат вашиот сон. Исто така, никотинот има сличен ефект врз континуитетот на спиењето кога се консумира 4 часа пред спиење.

Премногу кофеин

Иако кофеинот помага да се разбудите во текот на денот, тој останува во вашето тело со часови по консумирањето, што значи дека може да го наруши вашиот сон. Треба да избегнувате кофеин најмалку 4 часа пред да одите в кревет.

Користење на спалната соба и за други активности

Користењето на спалната соба за други задачи освен спиење може да создаде чувство на будност наместо поспаност кога сте во собата. Активностите што треба да ги избегнувате во спалната соба се гледање телевизија или деловно работење.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе