Големата награда на Абу Даби не заврши добро за еден од членовите на тимот на Мерцедес. Имено, тој ја изгубил бурмата во пристаништето, по што се одлучил на необичен потег.
Многу приврзан за овој венчален прстен, реши да почне да го бара, неколку часа по завршувањето на тестовите што ги правеше Мерцедес.
За среќа, му помогнал еден од неговите колеги кој ги познае нуркачките вештини. Со помош на детектор за метал синоќа направил три нуркања, но прво не успеал да го пронајде прстенот.
Новиот обид се случил утрово, според Крис Медланд, со локален нуркач кој добро го познава тој дел од морето. И навистина, се случило убаво изненадување. Прстенот е пронајден и вратен на сопственикот на негова голема радост.
Инаку, неверојатниот Холанѓанец Макс Верстапен постави нов рекорд со победата на Големата награда на Абу Даби. Возачот на Ред Бул победи на последната, 22-ра трка во сезоната, а тоа беше негов 19-ти триумф оваа сезона.
Второто место го зазеде Шарл Леклер во Ферари, а третото место му припадна на Џорџ Расел во Мерцедес.