Необична тропска риба се насука покрај брегот на Орегон

Голема шарена риба Опа се насука на брегот на Орегон минатата недела. Ретката риба со тежина од околу 45 килограми, позната и како Мунфиш (Месечева риба), е откриена на плажата Сансет во градот Сисајд.

„Овие риби се ретки за брегот на Орегон“, објави Seaside Aquarium на Facebook, каде објавија и неколку фотографии од рибата.

Кит Чендлер, извршен директор на Seaside Aquarium, за CNN изјави дека е многу невообичаено оваа риба да се најде на брегот на Орегон и да е во одлична состојба.

„Тие се прилично кул риби и обично не ги гледаме на бреговите. Беше прилично возбудливо за локалното население“, рече Чендлер.

Според Националната управа за океани и атмосфера (НОАА), малку се знае за овој вид риби бидејќи живеат длабоко во океанот. Видот обично се наоѓа во умерени и тропски води.

Поради состојбата во која е пронајдена рибата, Чендлер верува дека била на плажата помалку од еден час пред вработените во аквариумот да бидат известени.

Бидејќи рибата не преживеала, се чува во голем замрзнувач, а аквариумот планира соработка со една локална организација за да се сецира рибата за да дознае повеќе за овој вид.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе