Неочекуван пад на залихите на нафта, цените скокнаа за 4%

На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа за околу 4 отсто минатата недела, надоместувајќи ги загубите од претходната недела, благодарение на проценките дека побарувачката за црно злато може да се зголеми.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4 отсто, на 85,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9 отсто, на 81,04 долари.

Избивањето над 85 долари на лондонскиот пазар, за прв пат од ноември минатата година, следеше по проценките на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно во првиот квартал.

Зголемувањето на проценките на побарувачката се должи на подобрената економска перспектива во САД и зголемената побарувачка за гориво поттикната од бродови кои одат на подолг пат околу Кејп Добра Надеж.

IEA, исто така, ја зголеми својата проценка за растот на побарувачката за целата година, за 110.000 барели дневно, на 1,3 милиони барели дневно. Сепак, тоа значи дека растот ќе биде значително побавен од 2023 година поради забавувањето на светската економија.

Неочекуван пад на залихите

Поддршка за цените беше дадена и со извештајот за неочекуван пад на залихите во САД во претходната недела, бидејќи рафинериите завршија со редовни работи за одржување.

Од друга страна, повисокиот раст на цените ја спречува тезата за натамошно забавување на растот на американската економија, бидејќи каматните стапки на американската централна банка би можеле да останат покачени подолго од очекуваното.

Имено, податоците објавени минатата недела покажаа дека инфлацијата во февруари била блага, но сепак се зголемува втор месец по ред, па стивнаа проценките дека ФЕД може да ги намали каматните стапки во јуни.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годината цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за повеќе од 10 отсто, а на американскиот пазар за повеќе од 12 отсто.

Тагови
реклама

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе