Неочекуван потег: Ред Бул го смени Гасли со дебитант

Ф1
/ 12.08.2019 / 17:04

Тимот на Ред Бул Рејсинг реши да го замени Пјер Гасли со Александар Албон. Двајцата пилоти ги разменуваат местата, откако Албон е нов соиграч на Макс Ферстапен, а Гасли е испратен назад во Торо Росо.

Албон ја вози својата деби сезона во Формула 1 и досега има запишано 16 поени од 12 трки. Од Ред Бул додадоа дека тој ќе вози до Ферстапен од следната трка во Белгија, а по крајот на сезоната ќе се знае дали ќе остане и за 2020 година.

Пјер Гасли дојде во Ред Бул на почетокот на сезоната на местото на Даниел Рикардо, но не успеа да се доближи до резултатите на неговиот тимски колега Макс Ферстапен. Французинот е на шестото место во пласманот со 63 поени, а негово најдобро достигнување е четвртото место на британското Гран При.

Пред само неколку дена, шефот на „биковите“, Кристијан Хорнер изјави дека Гасли нема да биде заменет, но го предупреди дека треба да ги подобри неговите перформанси.

– Мислам дека треба да се одмори добро за време на летната пауза и да ги научи лекциите што му се потребни за вториот дел од сезоната. Ова е клучно за нас ако сакаме да имаме шанси да ги стигнеме Ферари до крајот на годината. Имаме намера да го оставиме до крајот на годината, но сакаме да извлече повеќе од потенцијалот на автомобилот, рече Хорнер по унгарското Гран при.

реклама

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Гаф на романски министер стана хит на социјалните мрежи

Read more

Советот на Европа предупреди за биотероризам по пандемијата на COVID-19

Read more

Силно невреме во северниот дел на Хрватска

Read more

Ф1

23 мај 1972, роден е Ф1 возачот Рубенс Барикело

Read more

Германците подготвени да го организираат Гран-прито наместо Силверстоун

Read more

Хамилтон: Подобро трки без публика, отколку да нема воопшто

Read more

Официјално: Саинс ќе вози за Ферари од 2021

Read more

Спорт

  • play_arrow

Барселона ќе го одложи враќањето на Нејмар до крајот на јули

Читај повеќе

Зидан ги прекрши правилата за самоизолација во Мадрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Њукасл и Вулверхемптон се заинтересирани за Игуаин

Читај повеќе

Натпреварот Ливерпул-Атлетико Мадрид во ЛШ поврзан со 41 смртен случај од COVID-19

Читај повеќе

Тенисерот Басилашвили уапсен за семејно насилство

Читај повеќе
  • play_arrow

Отворена истрага за натпреварот Јувентус - Интер по коментарите на Клаудио Лотито

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 преземања на фудбалски клубови што завршија неславно

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Левандовски е незапирлив

Читај повеќе
  • filter

23 мај 1972, роден е Ф1 возачот Рубенс Барикело

Читај повеќе