СЕРИЈА А 2019/20

Несторовски го сруши Јуве, Лацио конечно победи

Македонскиот напаѓач постигна ефектен гол со глава помагајќи Удинезе да направи сензационален пресврт против пампионот, додека Лацио конечно успеа по 5 натпревари пауза да забележи победа.

На три минути пред полувремето Јувентус го скрши отпорот на домаќините и преку Матајс де Лихт поведе со 0:1.

После паузата, се играше 52. минута кога Удинезе замина во контра, Кен Сема нафрли во шестнаесетникот каде, во стил на Кристијано Роналдо, нашиот репрезентативец Илија Несторовски со глава ја затресе мрежата на Војчех Шченсни. За Иле ова е само трет гол сезонава, но сигурно ќе му биде најсладок.

Во првата минута од судиското надополнување Секо Фофана направи дар-мар ала Марадона, претрча цела половина, ги издрибла сите пред него и погоди за целосен пресврт и победа на Удинезе од 2:1.

Remote video URL

Ова се важни три бода за тимот на Несторовски бидејќи сега на три кола до крајот има 7 подови предност во однос на Лече кој ја држи последната позиција од опасната зона.

Лацио го пречека Каљари на „Олимпико“ и и покрај тоа што напаѓаше и имаше шанси, гостите беа тие кои ја затресоа мрежата први. Џовани Симеоне, синот на Диего Симеоне, со помош на домашната одбрана секунди пред полувремето донесе водство.

Само што почна вториот дел Сергеј Милинковиќ-Савиќ со еврогол израмни на 1:1. Во 60. минута „Бјанкочелестите“ направија комплетен пресврт и тоа со голот на стрелецот број 1, Чиро Имобиле. За него ова е гол број 31 сезонава, со што повторно е пред Кристијано Роналдо на листата на стреци. Португалецот има 30.

Со овие два натпревара се комплетираше 35. коло, па сега табелата во Калчото изгледа вака:

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе