Несторовски: Срцето и желбата за победа ќе решаваат

Од напаѓачот на Удинезе ќе се очекува гол во мрежата на Грузија на претстојниот бараж за пласман на ЕУРО.

„Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта. Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат“, вели Несторовски.

Во двата натпревара против Грузија во рамките на Лигата на нации играни минативе два месеца Несторовски настапи, но не постигна гол. Во септември влезе од клупата во 59. минута, а во октомври беше стартер и играше до 71. минута.

„Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на Грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство“, заврши тој.

Македонија и Грузија играат в четврток во Тбилиси. Победникот ќе обезбеди историски пласман на ЕУРО.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе