Netflix го објави официјалниот трејлер за хорор-серијата „The Haunting of Bly Manor“
Netflix го објави официјалниот трејлер за серијата „The Haunting of Bly Manor“.
Серијата е продолжение на хорор-серијата од 2018 година „The Haunting of Hill House“.
Овојпат дејството се случува на имотот Bly Manor, каде ќе се запознаеме со приказните на тамошните станари, живи и мртви. Дејството ги следи дадилката Дени Клејтон (Пендрети), која е ангажирана да се грижи за Мајлс и Флора Вингрејв, деца без родители кои живеат на зафрлениот селски имот. Во моментот кога ќе пристигне таму, таа ќе забележи дека селскиот имот Bly e опседнат од духови.
Премиерата на серијата е закажана за 9 октомври.
Читајте следно: Дали Bly Manor ќе ги задоволи фановите на „The Haunting of Hill House“?