Netflix пушти трејлер за научно фантастичниот „Awake“
Новиот научно фантастичен трилер на Netflix ќе излезе на почетокот од јуни, а официјалниот трејлер е веќе достапен.
Во приказната, глобален хаос настанува на Земјава по што луѓето не можат да спијат.
Режијата е на Марк Рејсо, а во главните улоги се Џина Родригес, Џенифер Џејсон Ли, Бери Пепер и Фин Џонс.
Премиерата е закажана за 9 јуни.