ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Никој не живее за Светско како Бразилците

Дека Мундијалот во Бразил се дочекува на поинаков начин отколку во другите делови на светот, не е ништо ново, но во пресрет на почетокот на Светското првенство во Катар, сликите од бразилските улици го одземаат здивот.

Иако Светското првенство не е ни започнато, во Бразил веќе некое време е „национален празник на фудбалот“. Сè е средено во духот на претстојниот Мундијал.

Така, улиците на Бразил се украсени исто како што и доликува на земјата со најмногу титули на светските првенства. Веќе се украсени бројни улици за да биде сè подготвено за турнирот на кој Бразил е главен фаворит за освојување на шестата титула на Мундијалот.

Традицијата на украсување улици во Бразил датира неколку децении наназад, иако бројот на украсени улици се намалува со текот на времето. Сепак, од самиот север до југ на земјата, овојпат улиците се многу поукрасени од претходните мундијали.

Улицата Переира Нуњес во Рио де Жанеиро е постојано украсена од Светското првенство во Шпанија во 1982 година. Сè започна со навивачот Жулио, човекот кој им го пренесе наследството на сите и ја започна оваа прекрасна традиција.

Во украсувањето на таа улица годинава се издвојуваат графитите со лицата на легендарните играчи како Пеле и Гаринча, а внимание привлекува и цртежот на мускулест канаринец кој е маскота на бразилската фудбалска репрезентација.

„На пат кон Хекса“, пишува на графитот на улиците, а се однесува на патот до шестата светска шампионска титула.

Улицата 24 де Агосто целосно го промени својот изглед бидејќи знамињата на Бразил, Катар, амблемот на Светското првенство и амблемите на четирите најголеми тимови на Рио де Жанеиро (Фламенго, Флуминенсе, Васко де Гама и Ботафого) се насликани на неговиот асфалт.

Во Сао Пауло беа насликани големи мурали на Ла’ееба, маскотата на Светското првенство во Катар.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Живот

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе