Никој никогаш не одиграл натпревар како Леброн синоќа

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 130:125 по продолжение на големите ривали, а Леброн Џејмс испиша историја.

Најдобриот стрелец на сите времиња во НБА стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 35 или повеќе поени во својата 21-ва сезона меѓу елитата на НБА.

Џејмс, кој во декември ќе го прослави 39-от роденден, беше незапирлив во соочувањето со градските ривали и мечот го заврши со 35 поени (4/8 тројки, вкупни 13/19), 12 скока, седум асистенции и две блокади. Притоа, Лејкерс ја прекинаа серијата од 11 последователни порази против Клиперс и ги победија за прв пат од јули 2020 година, но и серијата од 11 порази на домашен терен против тој тим. Нивната последна победа на домашен терен беше против Клиперс на Божиќ 2016 година.

Remote video URL
Ривс одличен во продолжението

Ентони Дејвис додаде 27 поени и 10 скока, Д'Анџело Расел постигна 27, а Остин Ривс беше одличен во продолжението за Лејкерс и во тој дел од натпреварот постигна седум од вкупно 15 поени.

Џејмс Харден, кој неодамна принудно се пресели во Клиперс, на овој натпревар беше гледач на клупата на тимот. Клиперс најмногу добија од Кави Ленард (38 поени, 6 скокови, 5 асистенции) и Пол Џорџ, кој 20 од своите 35 поени ги постигна во четвртата четвртина. Само во последната минута од регуларниот дел од натпреварот постигна осум поени, но доби исклучувачка лична грешка на стартот од продолжението.

Леброн си ги намести патиките и заби

Лејкерс во текот на овој меч надоместија -19, а во последните 90 секунди истурија +8. Против својот поранешен тим, Расел Вестбрук имаше 24 поени, 11 скока, осум асистенции и шест загубени топки. Ивица Зубац, исто така поранешен играч на Лејкерс, одигра 29 минути за Клиперс. Тој постигна 7 поени и имаше 9 скока.

Сите овие ефекти останаа во сенка на Леброн, кој во една акција успеа да ги соблече и да ги облече патиките кои му правеа проблеми, а потоа да забие на другата страна од теренот. Тоа видео брзо стана вирално.

URL
реклама

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Read more

Земјата 2.0 излезе дека е мртов свет

Read more

Земја на раб на војна дава милион долари на секој фудбалер ако се пласира во мундијалскиот бараж

Read more

Меси: Со сопругата постојано разговарам за враќање во Барселона

Read more

Кошарка

Јокиќ го уништи Сакраменто и продолжи со походот по четвртата МВП титула

Read more

Дончиќ ретко забива, но кога забива, го прави тоа мајсторски

Read more

Јокиќ ја продолжи доминацијата, неочекуван пораз за очајните Лејкерс

Read more

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Read more
 

Спорт

Земја на раб на војна дава милион долари на секој фудбалер ако се пласира во мундијалскиот бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ го уништи Сакраменто и продолжи со походот по четвртата МВП титула

Читај повеќе

Меси: Со сопругата постојано разговарам за враќање во Барселона

Читај повеќе

Откриена мистериозната болест на Швеѓанецот од Селта: Виновна мувлата во домот

Читај повеќе

ФФМ се премисли: Бесплатен влез на пријателската со Латвија

Читај повеќе

Зошто Јамал повторно го пропушти собирањето со репрезентацијата?

Читај повеќе

Уапсени над 1.000 фудбалери во Турција, меѓу нив и репрезентативец

Читај повеќе

Досетливи Американци: Паркирањето на Мундијалот ќе биде ултра скапо

Читај повеќе

Непредвидени проблеми за Аргентина: За во Ангола треба вакцинација, отпаднаа тројца

Читај повеќе