НБА 2023/2024

Ноќ на рекорди: Ембиид постигна 70 поени, Таунс 62

Центарот на Филаделфија 76ерс, Камерунецот Жоел Ембиид, постави рекорд во кариерата и рекорд во франшизата во победата на неговиот тим над Сан Антонио Спарс од 133:123.

Ембиид го заврши натпреварот со 70 поени, 18 скока и 5 асистенции, со што го собори рекордот на легендарниот Вилт Чејмбрлејн, кој во 1967 година постигна 68 поени, што беше најмногу во историјата на 76ерс.

Инаку, легендарниот Вилт еднаш постави НБА рекорд со 100 поени, но тогаш настапуваше за Сан Франсиско Вориорс.

URL

Покрај Ембиид, само уште двајца играчи на Фила беа двоцифрени и тоа Тајрис Макси со 18 поени, 8 асистенции и 4 скока, како и Тобиас Харис со 14 поени, 6 асистенции и 2 скока.

На другата страна беше најдобар Виктор Вембанјама со 33 поени, 7 скока и 2 асистенции, додека Девин Васел додаде 22 со 9 асистенции и 4 скока. Полјакот Џереми Соухан натпреварот го заврши со 14 поени, 8 скока и 4 асистенции, а Даг МекДермот постигна 13 поени со 5 скока. Двоцифрени беа и Џулиан Шемпејн и Треј Џонс со по 12 поена.

Remote video URL

Покрај Ембиид, се истакна и Доминиканецот Карл-Ентони Таунс, кој во поразот на Минесота Тимбервулвс од Шарлот Хорнетс со 128:125 постави и рекорд во кариерата и рекорд во франшизата.

Таунс постигна неверојатни 62 поена со 8 скока и 2 асистенции, а го следеа Никил Александер-Вокер со 18 поени и 2 асистенции и Руди Гобер со дабл-дабл од 13 поени и 11 скока.

URL

Мајлс Бриџис ги предводеше Хорнетс до победата со 28 поени, 5 скока и 2 асистенции, а Брендон Милер додаде 27 со 3 скока и 2 асистенции, додека ЛаМело Бол мечот го заврши со дабл-дабл од 18 поени, 13 асистенции и 6 скока. ПиЏеј Вошингтон додаде 12 со 7 скока и 3 асистенции, а двоцифрен беше и Тери Розие со 11 поени, 4 асистенции и 2 скока.

Remote video URL

Во дерби вечерта Бостон Селтикс на гости го совлада Далас Маверикс со 119:110, а се истакнаа Џејсон Тејтум со дабл-дабл од 39 поени, 11 скока и 5 асистенции и Џејлен Браун со 34 поени, 4 асистенции и 3 скока.

Најдобар играч кај Мавс беше Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со трипл-дабл од 33 поени, 18 скока и 13 асистенции, а Кајри Ирвинг додаде 23 со 6 скока и 3 асистенции.

Remote video URL

Резултати:

Детроит Пистонс - Милвоки Бакс 113:122
Орландо Меџик - Кливленд Кавалирс 99:126
Филаделфија 76ерс - Сан Антонио Спарс 133:123
Торонто Репторс - Мемфис Гризлис 100:108
Минесота Тимбервулвс - Шарлот Хорнетс 125:128
Далас Маверикс - Бостон Селтикс 110:119
Феникс Санс - Чикаго Булс 115:113
Сакраменто Кингс - Атланта Хокс 122:107

Табела:

реклама

Кошарка

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Read more

Клиперс во длабока криза, одлична ноќ за Џарен Џексон

Read more

Многу драма и малку вештини во победата на Лејкерс над Феникс

Read more

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе