Нов канцелар, нова лимузина: Што ќе вози Олаф Шолц?

Олаф Шолц од Социјалдемократите е именуван за деветти канцелар на Германија. Му следува и ново возило со новата функција.

Канцеларот Шолц ќе добие нов службен автомобил со специјална заштита.

Mercedes-Benz S 680 Guard е целосното име на новиот блиндиран автомобил кој германските даночни обврзници ги чини најмалку 547.400 евра.

Овој модел не е направен исклучиво за Шолц, како што е случајот со некои слични државни лимузини, како оние што ги користат американските претседатели. Возилото е достапно за сите оние кои можат да си го дозволат.

За „обичната“ S класа потребни се 50 часа работа, а за Guard - 50 дена! Сè започнува со изградбата на „кафезот“ од специјален челик, карбонски влакна и стакла ламинирани со непробојна фолија дебела десет сантиметри.

Потоа на возилото се монтира фабричката каросерија. Резултатот ги исполнува највисоките стандарди: државните инспектори испукаа над 300 истрели од автоматска пушка во лимузина и активираа 12 килограми пластичен експлозив до неа пред да ѝ дадат сертификат VR10.

Покрај балистичката заштита, оваа S класа има и гуми отпорни на дупчење, автоматски апарат за гаснење пожар и систем за компримиран воздух кој може да спречи навлегување на отровни гасови.

Идејата беше да се задржи продукциската форма бидејќи повеќето од овие возила Mercedes ги продава на клиенти кои се во опасност, како шефови на држави, кои сепак сакаат да останат незабележани од јавноста.

Mercedes му го додели на Guard најголемиот и најмоќниот мотор што се нуди - 6.0 V12 со 450 kW / 612 КС, кој развива максимални 830 Nm.

Просечно троши 19,5 литри бензин (емисии на CO2 442 г/км).

Додека стандардната S класа постигнува електронски ограничени 250 км/ч, Guard „едвај“ достигнува 190 км/ч, но со маса од 4,3 тони тоа е разбирливо.

Поради зголемената тежина, обемната технологија и нагласеното наклонување во свиоци, Mercedes им нуди на клиентите посебен курс за возење за овој модел.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе