Нов Зеланд стигна до нула и прогласи крај на епидемијата

МИА/КАЈГАНА
/ 08.06.2020 / 08:35

Нов Зеланд стигна до бројки од 0 новозаразени и 0 активни случаи на COVID-19.

URL

Со тоа практично ја елиминираше епидемијата на коронавирусот и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, најави премиерката Џасинда Ардерн, со што оваа јужнопацифичка земја е една од првите во светот што го направи тоа.

URL

Владата од денеска на полноќ ќе ги укине мерките за физичко растојание и ќе премине од ниво 2 на вонредна состојба на ниво 1, рече Ардерн.

Јавните и приватните настани, продавниците и угостителските објекти, како и целиот јавен превоз сега можат да почнат со работа нормално, без придржување кон физичко растојание кое е во сила во повеќето земји во светот.

URL

„Иако сега сме во побезбедна, посилна позиција, сепак нема да биде лесно да се вратиме на животот пред COVID-19. Го зачувавме нашето здравје со одлучност и истрајност, а сега треба да се фокусираме на економското закрепнување“, рече Ардерн.

„Сè додека не е завршено, не можеме да кажеме дека е постигнато. Така, можам да го завршам со едноставно: Ти благодарам, Нов Зеланд“, истакна Ардерн.

Премиерката на прес-конференцијата на новинарско прашање како реагирала на веста дека веќе нема активни случаи во земјата, одговори дека заиграла од среќа.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе