НБА 2023/2024

Нова брилијантна партија на Дончиќ, воодушеви уште на загревањето

Далас Маверикс го победи Портланд Треил Блејзерс со 126:97, а Лука Дончиќ постигна 41 поен, од кои 30 во првото полувреме, а имаше и 6 скока и 5 асистенции.

Неговиот соиграч Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со 29 поени со 9 скока и 5 асистенции. Двајцата постигнаа 52 поена во првото полувреме, додека целата екипа на Портланд првото полувреме го заврши со 47 поени.

URL

Пред почетокот на натпреварот, на загревањето, Лука направи мало чудо кога со спектакуларно забивање со една рака ги воодушеви навивачите на Мавс.

URL

Инаку, двајцата ги следеше Тим Хардавеј со 14 поени и 3 скока, додека Харди додаде 11.

Во редовите на Портланд, Шејдон Шарп беше најдобар со 16 поени и 4 скока, додека Енфрни Симонс додаде 15 со 5 скока и 3 асистенции. Матис Тајбл уфрли 12 со 2 скока, а двоцифрени беа и Тумани Камара и Џерами Грант со по 10 поени.

Remote video URL

Лос Анџелес Лејкерс доживеа нов пораз, овојпат од Мајами Хит. Резултатот гласеше 110:96 за Хит, кои до победата ги предводеа Тајлер Хироу со 21 поен, 6 скока и 4 асистенции, а Хаиме Хакес Џуниор додаде 16 со 8 асистенции. По 15 поени уфрлија Бем Адебајо и Никола Јовиќ со по 15 поени, Данкан Робинсон додаде 13, а двоцифрени беа и Кевин Лав, Кајл Лоури и Џош Ричардсон со по 10 поени.

Кај Лејкерс, и воопшто на натпреварот, најдобар беше Ентони Дејвис со дабл-дабл од 29 поени, 17 скока и 6 асистенции, додека Остин Ривс додаде 24 со 8 асистенции и 5 скока, а Макс Кристи постигна 14 со 5 скока. Двоцифрени беа и Кришчн Вуд со 13 поени, 8 скока и 3 асистенции, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 12 поени, 9 асистенции и 6 скока.

Remote video URL

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Вашингтон Визардс 140:101
Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс 142:130
Атланта Хокс - Оклахома Сити Тандер 141:138
Хјустон Рокитс - Бруклин Нетс 112:101
Мемфис Гризлис - Торонто Репторс 111:116
Минесота Тимбервулвс - Њу Орлеанс Пеликанс 106:117
Далас Маверикс - Портланд Треил Блејзерс 126:97
Њујорк Никс - Чикаго Булс 116:100
Феникс Санс - Лос Анџелес Клиперс 122:131
Јута Џез - Детроит Пистонс 154:148 (прод.)
Лос Анџелес Лејкерс - Мајами Хит 96:1
Сакраменто Кингс - Орландо Меџик 138:135 (прод.)

Табела:

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе