КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Нова магија на Меси, солзите на Нејмар го обиколија светот - повреда му ја заврши сезоната

Филип Здравески
/ 18.10.2023 / 09:46

Јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2026 продолжија ноќеска и минаа во знакот на брилијантниот Лео Меси, изненадувачката победа на аутсајдерот Венецуела и тешко повредениот Нејмар кој ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Колото го отвори дуелот на Венецуела и Чиле. Домашните во овој натпревар влегоа осоколени по одличната претстава на гости кај Бразил и освоениот бод. Венецуела го изненади и надигра Чиле и успеа да слави со убедливи 3:0 освојувајќи го седмиот бод во квалификациите, со што сериозно стави дознаење дека атакува на нивен прв пласман на Мундијалите. При 1:0 им помогна и фактот што Марселино Нуњес доби втор жолт, па Чилеанците мораа да доиграат со десетмина.

Remote video URL

Стадион „Монументал“, Матурин
Венецуела - Чиле 3:0
45'+1 Јеферсон Сотелдо, 72' Саломон Рондон, 79' Дарвин Мачис

Дуелот на двата соседа Парагвај и Боливија, познати како земји со најголем процент на домородно население во Јужна Америка, заврши со минимална победа на популарните „Гуарани“. Одлучувачки беше голот на напаѓачот на калчолигашот Торино, Санабриа, кој на дваесетина минути пред крајот го скрши цврстиот отпор на Боливијците.

Remote video URL

Стадион „Дефенсорес дел Чако“, Асунсион
Парагвај - Боливија 1:0
69' Антонио Санабриа

Најдосадно во поглед на голови беше на соседското дерби меѓу Еквадор и Колумбија, кои ги поделија бодовите играјќи со најнепопуларниот резултат. Но, не дека натпреварот немаше возбудувања. Гостите во 61. минута можеа да дојдат во водство кога Џоанер Чавес наивно стартуваше над Џоан Ариас, но напаѓачот на Ливерпул, Луис Диас, не го реализираше ударот од белата точка - голманот Моисес Рамирес добро го прочита. Набрзо потоа Карлос Куеста ја затресе еквадорската мрежа, но ВАР го поништи голот поради индиректниот офсајд на Рафаел Боре.

Remote video URL

Стадион „Родриго Пас Делгадо“, Кито
Еквадор - Колумбија 0:0

На стадионот на кој во 2030 ќе биде отворен Мундијалот 2030, Уругвај го нагости Бразил, во буквална смисла. На три минути пред паузата Максимилиано Араухо убаво мина крај Маркињос, нафрли полувисоко до Дарвин Нуњес кој потклекна и со глава го отвори резултатот.

На самиот крај од полувремето Нејмар лошо нагази по еден дуел за топка со Николас де ла Крус и веднаш се фати за ногата. Во солзи и на носилки беше изнесен, а на негово место влезе Ришарлисон. Според првичните информации, напаѓачот на Ал Хилал има сериозна повреда на вкрстените лигаменти на левото колено и го чека операција, што значи дека за него оваа сезона е завршена.

URL

Во 77. минута Де ла Крус стави точка на победата на „Селесте“ откако Нуњес одлично му асистираше. Ова е прв пораз на Бразил во овие квалификации.

Remote video URL

Стадион „Сентенарио“, Монтевидео
Уругвај - Бразил 2:0
42' Дарвин Нуњес, 77' Николас де ла Крус

Перуанците ја имаа честа да го пречекаат актуелниот светски шампион Аргентина, но беа неуспешни во мусијата да му се спротивстават. Меси беше двоен стрелец во првиот дел, а особено впечатлив беше првиот гол кога од прва погоди со помош на гредата.

Меси со головите против Перу стигна до 31 гол во мундијалските квалификации, со што го престигна Луис Суарес и стана најдобар стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации за Светско првенство.

Remote video URL

Стадион „Насионал“, Лима
Перу - Аргентина 0:2

Наредното коло сзе игра на 16 ноември, а се среќаваат: Боливија - Перу, Венецуела - Еквадор, Аргентина - Уругвај, Колумбија - Бразил и Чиле - Парагвај.

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе