Нови мерки: Кафулињата се затвораат 14 дена, полициски час од 20 часот

Владата на РС Македонија на денешната итна седница одлучи дека угостителските објекти се затвораат, а полицискиот час ќе почнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот наутро, извести премиерот Зоран Заев.

Премиерот извести дека британскиот сој на коронавирусот зема сè поголем замав и затоа се неопходни нови рестриктивни мерки. Болниците се преоптоварени и медицинскиот кадар е исцрпен, изјави Заев.

Угостителските објекти ќе бидат затворени од 7 до 20 април.

Обложувалниците и казината ќе бидат затворени од 7 до 20 април, а фитнес центрите од 6 до 20 април. Исто така, забрането е одржување на конференции и обуки од 6 до 20 април, извести премиерот.

Сите угостителски објекти ќе можат да работат само со достава и нарачки, но гости не смеат да примаат.
- Целосна забраната за посетители и гости во кафетерии, ресторани, барови и клубови и други објекти кои во склоп на истиот кои даваат угостителски услуги, хотели, мотели, хостели и други објекти за сметување, бензински станици, а оние кои вршат подготовка и продажба на храна можат да продаваат онлајн и со телефонски нарачки и сите заедно да вршат достава или да овозможуваат самостојно подигнување на нарачката почнувајќи од 7 април среда до 20 април 2021 година, рече премиерот Заев.
Исклучок од ова се угостителски објекти на аеродромите во Скопје и Охрид и угостителски објекти во сместувачки капацитети, хотел, мотел, хостел, пансион и други објекти.

Обложувалниците ќе можат да работат без да примаат гости во своите објекти и уплатите да ги вршат преку наплатен пункт.

-Бројот на новозаразени постојано расте, бројот на починати од корона расте, досега здравствените работници се справуваа со предизвиците, но, сега постои сериозно оптоварување на здравствените работници кои деноноќно и со сите сили се во битката за спасување човечки животи. Ова е најголемо оптоварување на здравствените систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога е потребно да ги пресечеме многу сериозните последици. Од овие причини Владата ги донесе донесе новите рестриткивни мерки, рече премиерот Зоран заев на денешната прес-конференција.

Следете ја прес-конференцијата во живо:

Remote video URL

 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе