Новиот модел на Volkswagen ID.3 ги доби максималните 5 ѕвезди за безбедност на Euro NCAP тестовите.
Електричниот хетчбек беше претставен неодамна и е првиот продукциски автомобил базиран на новата MEB платформа на Volkswagen Group.
Euro NCAP соопшти дека ID.3 на тестирањето забележа одлични резултати, 87% за заштита на возрасните патници, 89 отсто за заштита на децата, 71% од бодовите за останатите учесници во сообраќајот и 88% за помошни безбедносни системи.
Нагласен е големиот број на сензори како и системите за избегнување на судир.
Генералниот секретар на Euro NCAP изјави дека електричните автомобили се безбедни исто како и конвенционалните.