Новите рекорди на Волстрит се затишје пред бура

На Волстрит цените на акциите пораснаа, при што индексот S&P 500 достигна ново рекордно високо ниво, додека инвеститорите ги очекуваа пораките од американската централна банка и деловните резултати од голем број големи технолошки компании.

Dow Jones зајакна 0,59 отсто, на 38.333 поени, додека S&P 500 порасна за 0,76 отсто, на 4.927 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,12 отсто, на 15.628 поени.

Новиот рекорд за индексот S&P 500 е благодарение на позиционирањето на инвеститорите пред серијата вести кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

Оваа недела е првиот состанок на лидерите на американската централна банка годинава. Не се очекуваат промени во монетарната политика, но пораките на ФЕД би можеле значително да влијаат на очекувањата за каматните стапки.

До неодамна се очекуваше дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки во март, но по најновите податоци за инфлацијата, економскиот раст и изјавите на неколку лидери на ФЕД, пореално е да се очекува намалување на каматните стапки во мај.

Деловните резултати на најголемите технолошки компании би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот. Цените на акциите во технолошкиот сектор силно пораснаа минатата година, благодарение на еуфоријата поттикната од вестите за развојот на вештачката интелигенција (ВИ).

Новите деловни извештаи ќе покажат дали ваквиот раст на цените на акциите бил оправдан.

Се чекаат кварталните резултати

Во наредните денови квартални резултати ќе објават Alphabet, Microsoft, Apple, Amazon.com, Meta Platforms...

Од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, околу 80 отсто од нив оствариле поголема заработка од очекуваната.

„Ова е затишјето пред бурата бидејќи ќе има многу важни вести оваа недела, од состанокот на ФЕД до заработката на компаниите, економските показатели и геополитичките несигурности. И со цените на акциите на рекордно ниво, секое разочарување може да предизвика големи промени на пазарот“, вели Рајан Детрик, стратег во Carson Group.

И на европските берзи вчера претпазливо се тргуваше. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,03 отсто, на 7.632 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,12 отсто, на 16.941 поен. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,09 отсто, на 7.640 поени.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе