Ново јубилејно издание на „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“

Државниот архив објави ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“ од проф. д-р Марјан Димитријевски по повод одбележувањето на јубилејот 70 години постоење на институцијата.

Според директорот на Државниот архив, Емил Крстески, преку биографиите и библиографиите на првите луѓе на архивот, всушност, се прикажува развојот на современата македонска архивистика и оваа институција, која претставува еден од темелите на македонскиот национален идентитет.

– Улогата на првиот директор на Државниот архив, Тодор Талески, и неговиот наследник, Димче Стојанов-Мире, како основоположници на современата архивска служба во нашата држава е осведочена во ова издание преку прикажување на нивните напори за институционален развој на архивистиката. Следните генерации директори прават значајни исчекори во доразвивање на мрежата на архивските установи и осовременување на законодавната архивска практика. Архивот бележи подем во сите сфери на работењето на ниво на поранешна Југославија и по осамостојувањето, се вели во соопштението од директорот Крстески.

Денес во своите стратешки цели, посочува Крстески, Државниот архив ја има дигитализацијата на архивските документи и историски материјали и воведување процеси на спроведување современи облици на архивистиката. Овој јубилеј нѐ обврзува како институција да го продолжиме патот на сите досегашни раководства во нивната успешна работа.

Според Крстески, изданието „Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021)“, ќе остане пишана трага за посветеноста на 13-те директори за достигнувањата на Државниот архив и ќе им служи за пример на идните генерации историчари и архивисти.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе