Њукасл ќе го тужи Милан поради Тонали

Италијанските медиуми пишуваат дека веднаш откако на сила ќе стапи суспензијата на коцкарот Тонали, Њукасл ќе го тужи Милан за пропаднатото засилување.

Corriere dello Sport објави дека Њукасл Јунајтед му се заканил на Милан со тужба од повеќе милиони евра поради претстојната суспензија на Сандро Тонали поради скандалот со обложување.

Весникот нагласува дека се очекува на 23-годишниот италијански играч од средниот ред утре да му биде официјализирана суспензија од ФИГЦ поради неговата вмешаност во скандалот со обложување во Серија А. Тој призна дека се обложувал и на Бреша и на Милан за време на неговиот престој во двата клуба.

Адвокатскиот тим на Тонали преговараше за договор според кој најверојатно ќе му биде изречена суспензија од 10 месеци и очекувањата се дека тоа ќе биде потврдено во текот на утрешниот ден, при што сите страни сакаат побрзо да ја финализираат постапката.

Синоќа, Њукасл наводно се заканил дека ќе покрене тужба од повеќе милиони евра против Милан кога ќе стапи на сила забраната на Тонали, бесен што нивното летно засилување од 70 милиони евра сега ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

Платата на играчот од средниот ред - околу 8 милиони евра нето по сезона - ќе биде исто така суспендирана. Ова е сосема спротивно на начинот на кој Јувентус се справи со забраната на Николò Фаџоли, кој одлучи да му ја исплати целата плата и да му дозволи да тренира со првиот тим.

URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе