Објавен првиот трејлер за серијата The Last of Us

Станува збор само за краток вовед во она што нѐ чека во следната HBO Originals серија која многумина едвај чекаат да излезе.

Американскиот кабловски гигант HBO пред повеќе од две години најави дека една од најдобрите игрици кои некогаш се појавила на Sony конзола, доколку сте ја купиле во омот, ќе добие своја ТВ адаптација.

Прецизен датум за премиерата на серијата „The Last of Us“ сѐ уште нема, но барем добивме кратка најава која трае помалку од 2 минути. Една информација која се врти околу премиерата е 2023 година, што има логика, но времето ќе покаже.

Главните улоги на Џоел и Ели им се доверени на Педро Паскал (познат од „Game of Thrones“ и „The Mandalorian“) и Бела Рамзи („Game of Thrones“).

Од останатите ликови, Томи му е доделен на Габриел Луна (Терминаторот во оној последен несреќен филм), додека Тес ќе ја толкува Ана Торв (од врвната и непрежалена серија „Mindhunter“).

Како коавтори на сценариото се потпишани авторот на игрицата Нил Дракмен од студиото Naughty Dog и Крег Мејзин, кој е мозокот зад серијата „Chernobyl“.

Типично за HBO, првата сезона ќе има 10 епизоди, а во најавата која следува имаме прилика да видиме одвратни зомбија на чело со едно кое изгледа посебно морничаво (можеби тоа ќе биде главен лик?), клокот на живи мртовци, уништена и опустошена градска слика и многу емоции на секој од прикажаните ликови во нивниот блесок низ трејлерот.

Вистината е дека едвај чекаме да ја гледаме серијата, а се чини дека истовремено ќе можеме да ја играме и „The Last of Us Part I“ игрицата за компјутер, ако им веруваме на твитерџиите...

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе