Облак објасни зошто е невозможно да се игра против Меси

Барселона синоќа го победи Ваљадолид со 3:0 на гостувањето во рамките на 15-тото коло во Ла Лига со головите на Ленгле, Брејтвејт и Меси.

За Аргентинецот тоа беше 644. гол за Барселона, надминувајќи го Пеле по бројот на голови за еден клуб. Бразилскиот великан имаше постигнато гол помалку за Сантош, а тоа беше рекорд за кој никој не помислуваше дека некогаш ќе биде срушен.

Ова е само уште еден во низата рекорди кои Меси ги постави во пребогатата кариера во која ги полуде противничките голмани. Еден од нив е Јан Облак, кој по повод соборувањето на рекордот на Меси, од прва рака за Sky Sports објасни колку е тешко да се справите со ѕвездата на Барса.

„Тој гледа сè. Не го покажува тоа, вие не го гледате тоа кај него, но тој гледа сè. Ако направам чекор на едната страна, тој ќе го регистрира и ќе забие на другата. Постојано ве гледа и ве следи. Очите му се насочени кон топката, но тој точно знае што правиш“, рече Облак и продолжи:

„Ми има забиено ужасно многу голови, дефинитивно премногу. За мене тој е најдобриот играч на светот. Многупати кога ми дал гол не сум бил ни свесен што направил. Не можеш ни да сфатиш како ти дал гол, не си ни блиску до одбрана. Понекогаш не ни изгледа дека воопшто ја погодил топката, туку само ја проследил во голот. Има натпревари кога не игра добро и кога си сигурен дека твојата екипа го има под контрола. Тој е невидлив, не му оди и одеднаш постигнува гол и го свртува натпреварот.“

Ни еден од најдобрите тактичари во светот, Диего Симеоне, честопати не успеваше да најде начин да се одбрани од Меси.

„Ние голманите често урламе од голот и им помагаме на дефанзивците да се постават, но кога играте против него, нема помош. Тактички ни ти не можеш да се поставиш затоа што не можеш да погодиш што ќе направи. Ако си премногу блиску, ќе те помине. Ако си премногу далеку, ќе шутира. Невозможно е“, вели Облак.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Фудбал

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more
 

Спорт

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе