Очниот притисок е втора причина за слепило, треба да се мери често како што се мери крвниот

Очната клиника со бесплатно мерење очен притисок на плоштадот „Македонија“ денес го одбележува Светскиот ден на глаукомот. Ова заболување нема симптоми, па лекарите апелираат за чести прегледи и скрининзи за да може да се открие во рана фаза, што е важно за успешно лекување.

„Глаукомот претставува втора причина за слепило во светски размери, а исто така и кај нас. Секојдневно на Клиниката се соочуваме со илјадници нови пациенти, кои доаѓаат и кај кои се дијагностицира ова заболување – случајно. Го напомнувам случајно бидејќи заболувањето оди асимптоматски. Кабинетот изработи и летоци за глауком. Во нив се сите податоци во врска со заболувањето, колку често треба да се оди на преглед, како да се врши скринигот и слично“, рече д-р Ирина Богданова, офталмолог на Очната клиника во Скопје.

Богданова смета дека контролите на очниот притисок треба да бидат дел од систематските прегледи.

„Како офталмолози сакаме да апелираме за редовни офталмолошки прегледи со тоа што барем еднаш во годината тие да бидат рутински. Не да се јавуваат на офталмолог само кога имаат потреба, туку еднаш во годината рутински да одат на офталмолог. Исто така, ќе се бориме мерењето на очниот притисок да се воведе во систематските прегледи. Како што се мери крвен притисок секоја година, да се мери и очниот притисок токму за превенција од ова заболување, кое е многу важно навреме да се открие“, рече Богданова.

Министерот за здравство Илир Демири рече дека се одлучиле Светскиот ден на глаукомот да го одбележат со бесплатно мерење очен притисок за да ја кренат свеста за заболувањето и да укажат дека тоа нема симптоматологија, како и да укажат на потребата од негово рано откривање за успешно лекување.

Тагови
реклама

Здравје

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Read more

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе