Од денеска во продажба билетите за Македонија - Германија

ФФМ ги одреди цените на билетите кои од денеска се во продажба за долгочекуваниот спектакл, односно гостувањето во Скопје на фудбалскиот колос Германија.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Од денеска започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за пласман на Мундијалот 2022 во Катар во рамките на групата Ј од зоната на УЕФА помеѓу Македонија и Германија кој ќе се одржи на 11 октомври со почеток од 20:45 часот на Националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Согласно ковид-мерките наметнати од страна на Министерството за здравство, капацитетот на Арената ќе биде 50%, односно 16.290 гледачи (вклучувајчќи ја и ВИП ложата и местата за лица со инвалидитет).

Ценовник:
- 100 денари: Запад
- 300 денари: Југ (блокови 1, 2, 5, 6)
- 300 денари: Север (блокови 13, 18, 19, 24)
- 500 денари: Југ и Север централни блокови
- Исток е резервиран за гостински навивачи.

Билетарата на Арената ќе биде отворена за физичка продажба на влезници на 9, 10 и 11 октомври во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Едно лице ќе може да купи најмногу 4 билети со приложен документ за идентификација.

ВАЖНА напомена: Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

  • потврда за вакцинација против COVID-19;
  • потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Мерките не се однесуваат на лица под 18 годишна возраст.

Освен онлајн преку веб-страницата на MkTickets, билетите можат да се набават и на следниве локации ширум државава:

Скопје:
- ЛитератураМК Super Store – City Mall
- ЛитератураМК – Буњаковец
- ЛитератураМК – Веро Центар
- ЛитератураМК – ул. „Македонија“
- ЛитератураМК – ГТЦ приземје
- ЛитератураМК – Ramstore Mall
- Макпетрол – Козле
- Макпетрол – Порта Влае
- Макпетрол – ул. „Илинденска“
- Југотон – ГТЦ 1

Битола:
- ЛитератураМК

Велес:
- Унисон

Гостивар:
- Тобако Вона Пет

Куманово:
- Тобако Агора

Охрид:
- ТА Вис Пој

Прилеп:
- ТА Бран

Тетово:
- Гранд Тобако
- Тобако Монако

Несфатливо е како фудбалските навивачи од југоисточните краеви на државава немаат можност како физички да купат билет. Во градови како Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Штип и Кочани никаде не се продаваат билети. Проблематика на која ФФМ мора посериозно да поработи.

За потсетување, Македонија и Германија веќе се сретнаа во овие квалификации ога во март го шокиравме фудбалскиот свет со победата од 2:1 среде Дујсбург. Германците се желни за одмазда, но во Скопје гостуваат на празникот 11-ти Октомври, кој на натпреварот ќе му даде и симболика бидејќи тој ден во македонската историја го означува почетокот на Народноослободителната војна против нацистичките и фашистички окупатори Германија, Бугарија и Италија во Втората светска војна, па македонските фудбалери ќе имаат дополнителен мотив за нов добар резултат.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе