Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Првото електрично возило што ќе ги користи овие батерии е Geely Zeekr 009.

Кинескиот CATL моментално е рангиран како најголем производител на батерии во светот. Компанијата сега објави дека започнала со производство на еден од своите водечки производи наречен Qilin Battery, а исто така откри и кој ќе биде првиот електричен автомобил што ќе има корист од новата батерија.

Според бројни кинески медиуми, CATL успешно ги заврши сите тестови за масовно производство на својот Qilin. Главната причина за успехот е поголемата енергетска густина, до 255 Wh/kg.

Меѓу квалитетите на новата батерија е и можноста да се вози до 1.000 километри пред да треба да се наполни пак. Тоа значи дека со едно полнење може да возите од главниот град на Македонија до главниот град на Италија, Рим (997 км), до Виена, Австрија (1.040 км) или Измир, Турција (1.064 км), на пример.

Самото полнење може да се направи од 10% до 80% капацитет за само 10 минути.

Првото електрично возило кое ќе ги користи овие батерии е Geely Zeekr 009. Овој кинески миниван веќе направи тестови со првите прототипови на оваа батерија.

Првите испораки на моделот Zeekr 009 со батерија Qilin ќе започнат во вториот квартал од 2023 година.

Сепак, овој модел нема да биде единствениот со споменатите батерии бидејќи CATL е заинтересиран за масовно производство. Се шпекулира и за некои европски производители.

Remote video URL
реклама

Авто новости

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Read more

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Read more

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Read more

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Read more
 

Автомобили

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Читај повеќе
  • filter

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Читај повеќе
  • play_arrow

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Читај повеќе

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Читај повеќе

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе