Одбојкарка по пензионирањето откри дека е всушност машко

Една од најдобрите индонезиски одбојкарки, Априлија Манганан, излезе дека е всушност машко и тоа природно, без никакви интервенции.

Откритието настанало откако 28-годишната одбојкарка била на преглед во армиската болница „Гатот Суброто“ каде докторите се посомневале во нејзиниот пол. Ѝ биле направени уролошки и хормонални тестови кои го потврдиле она во кое докторите се посомневале.

Востановено било дека Априлија не е трансродова личност. Родена е како машко, но боледува од хипоспадија, што е генитален деформитет кој се појавува кај машките бебиња. Минатата недела ѝ била направена корекциска операција на половиот орган и сега Априлија е вистинско нормално машко.

Remote video URL

Априлија се пензионираше во септември откако одлучи да ѝ се придружи на индонезиската армија. Бидејќи од раѓање е заведена како женско, така и била израсната, а сега почна процес на промена на сите документи, како и на името кое како Априлија не одговара за машко.

„Ова е моментот кој одамна го чекав, многу сум среќен. Благословен да е господарот Исус, ќе го пребродам ова“, вели Априлија, кој очигледно се сомневал во вакво нешто и делува како многу да му олеснило што конечно мистеријата е разрешена.

URL

Нормално, ваквата разврска покрена голема дебата ширум интернет. Ако некои од девојките велат дека Априлија сега е многу секси маж, други барат најстроги казни за индонезиската одбојкарска репрезентација.

URL

Во 2015 година на Јужноазиските игри репрезентацијата на Филипините бараше да се изврши проверка на полот токму на Априлија, но нивната жалба тогаш беше одбиена. Шест години подоцна, излезе дека биле во право.

URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе