ОМД бара Ескобар да се залага за правата на Македонците во Бугарија

Обединетата Македонска Дијаспора, водечката организација на Македонците надвор од Македонија, испрати писмо до Американскиот заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, и побара тој да се залага за правата на Македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје.

„Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот.

За потсетување, Бугарија има 14 пресуди од Европскиот Суд за човекови права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство. Хипокритично е да се бара заштита на правата на малцинствата кај членка кандидат, а да се занемаруваат правата на малцинствата во полноправна членка како што е Бугарија“, се наведува во соопштението на ОМД.

„Бугарија треба Македонците да ги стави во својот Устав“.

Исто така, по контроверзната посетата на Косовскиот премиер Курти во Македонија, ОМД испрати уште една комуникација до господинот Ескобар и побара да даде изјава дека САД не поддржува иридентистички идеи и промена на границите во Балканот.

„Во тој допис ОМД ја искористи можноста да го потсети Ескобар дека Македонците не се 'Северномакедонци' и дека Македонците не се само 'православен народ' како што Ескобар нѐ има наречено во интервјуа во минатото. Македонскиот народ е разнолик, со луѓе од различни вероисповеди, иако мнозинството се православни.

САД е иницијатор и потписник на декларацијата на човекови права на Обединетите Нации која полни 75 години во декември. САД има должност да го брани и правото на самоопределување и човековите права на македонскиот народ, како што тоа веќе го прави многу погласно за некој од другите народи во регионот“, се додава во соопштението на ОМД.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Македонија

Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Read more

Поскапува бензинот од полноќ

Read more

ПРИЗМА: Тони опасна прашина се разлева на плац зад „Макстил“

Read more

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување

Read more
 

Вести

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе

Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Поскапува бензинот од полноќ

Читај повеќе

Вагнер е „воскреснат“ и има нова мисија

Читај повеќе
  • filter

Младите во Сараево ѝ порачаа на власта: Не убива трамвајот, туку небрежноста

Читај повеќе

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ендрју Тејт тврди дека Епстин е жив

Читај повеќе

ПРИЗМА: Тони опасна прашина се разлева на плац зад „Макстил“

Читај повеќе