ОМО Илинден-Пирин: За 10 дена Бугарија деградираше 4 народи и 3 земји

ОМО Илинден-Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за како што велат „добрососедската“ земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со балканските држави.

„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО Илинден-Пирин.

Како што објавија на социјалните мрежи, на 2 август, „во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ повторно и после 150-ина години со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден, како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си Илинденско-Преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугари“.

„Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така ѝ го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостоечко. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство кое изнесува само 0,29% во Србија нема да биде признаено“, се вели во објавата на ОМО Илинден-Пирин.

„Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па така пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен бугарин го отстранил грчкото знаме од јарболот и поставил бугарско извикувајќи 'Тоа е Бугарија!' Полицијата соопштила дека сторителот ѝ е познат и од претходни прекршоци и истиот бил однесен на распит во Драма“, се додава во објавата.

Од ОМО Илинден-Пирин заклучуваат дека за само 10 дена Бугарија успеала да деградира и дискриминира 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Регион

Падна таван во гимназија во Србија

Read more

Македонски државјанин лажно се претставувал како лекар во Хрватска

Read more

Земјотрес од 6,1 степени ја погоди Грција

Read more

Судот донесе нова пресуда против родителите на Коста K.

Read more
 

Вести

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Читај повеќе

Провалиле кај кавадарчанец и му ја украле ракијата: Кривична за две лица

Читај повеќе

Полна сала на отворањето на 15-тиот Филозофски филмски фестивал

Читај повеќе

Нетанјаху ги обвини светските лидери: Застанавте на страната на Хамас

Читај повеќе

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Читај повеќе

Цената на храната во Европа и на Балканот неоправдано расте, според анализите во ЕУ

Читај повеќе

Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

Читај повеќе