Организаторите на Нобелова награда се откажаа од традиционалната церемонија во Стокхолм

Овогодишните добитници на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и економија нема да патуваат во Стокхолм за првпат од 1944 година за да ги примат наградите, поради епидемијата на новиот коронавирус, соопштија организаторите.

Наместо свеченост во главниот град на Шведска, добитниците ќе ги примат медалите и дипломите во државите во кои живеат, се вели во соопштението на Нобеловата фондација.

Наградите традиционално се доделуваат на 10 декември, денот на смртта на шведскиот индустријалец Алфред Нобел, кој ја основа наградата. На тој ден, шведската телевизија ќе емитува емисија во која ќе биде прикажано доделувањето на наградите од оваа година во различни делови на светот, објави Нобеловата фондација.

Норвешкиот комитет за Нобелова награда, кој ја организира Нобеловата награда за мир во норвешката престолнина Осло, објави дека церемонијата нема да се одржи во Градското собрание поради пандемијата туку во универзитетската сала каде што веќе беа доделени наградите од 1947 до 1989 година.

Ќе има ограничен број луѓе на церемонијата во Осло, а банкетот, што традиционално се одржува по доделувањето на Нобеловата награда за мир, е откажан.

Добитниците на Нобелова награда се објавуваат во октомври, а церемониите традиционално се одржуваат на 10 декември во Стокхолм и Осло.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Свет

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Read more
 

Вести

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе