Османи: Никогаш не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор

Министерството за надворешни работи во ниту еден момент не кажа дека Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21.

„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори, се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци“, истакна Османи.

Тој потенцира дека информациите оти Фрчкоски е кандидат за амбасадорска функција биле изнесени во медиумите, додавајќи дека одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест без потврда од Министерството за надворешни работи.

Во однос на Акцискиот план со Бугарија, Османи изјави дека во втората фаза од разговорите ќе се оди со порационален пристап, затоа што во првата фаза разговорите биле со многу емоции, што, според него, не е добар пристап.

„Акцискиот пламн се однесува на секторската соработка. Тоа значи соработка меѓу министерствата, соработка меѓу министерството за образование, инфраструктура. Зошто овој пристап? Затоа што во овој дел немаме разлики. И ние сакаме побрзо да биде готов Коридорот 8, и тие сакаат. И тие сакаат соработка со здравството, и ние сакаме. Оваа секторска соработка беше жртва во однос на некои прашања, како што се историските. Затоа решивме во Влада да почнеме на некои прашања за кои немаме разлики и плус ќе ни создаде една доверба, и потоа на изградена доверба многу полесно ќе ги решаваме и другите прашања кои имаат многу емоции“, изјави Османи.

Според него, прашањата не треба се решаваат со емоции и мора да се менува пристапот, бидејќи само со менување на перспективата на пристапот тие стануваат полесни за решавање.

Тој потенцира дека решение на несогласувањата е Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

„Не можеме да ја смениме географијата, ќе мора да живееме заедно, ќе имаме разлики во мислења, но не смееме да имаме разлики по прашањето за иднината. А таа е ЕУ, НАТО“, додаде Османи. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе