Откриена финансиската добивка на ПСЖ од Меси: Рекорди во сите сектори

Трансферот на аргентинската ѕвезда во Градот на светлината беше најголемата тема летоска, но импактот кој го направи врз профитот на клубот остана непознат... сѐ досега.

ПСЖ го доби Лео Меси како слободен играч без да ѝ плати на Барселона ниту евро. Нему му даде двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

Колку дресови досега продаде Меси?

До денес ПСЖ има продадено милион дресови со името на Меси на грбот, открива порталот GOAL кој податоците ги добил токму од клубот.

Клупскиот директор за спонзорства, Марк Армстронг, вели дека пристигнувањето на 34-годишниот Аргентинец направило бум со продажбата на дресови и ПСЖ веќе поставил нов рекорд на продадени дресови за една година. Вереуваат дека бројката ќе била и поголема да не биле проблемите со производството што ги предизвика пандемијата.

„Тој е големо богатство. Од комерцијална гледна точка, импактот е неверојатен. Сметаме дека годинава продадовме повеќе дресови од кој било клуб, а нареднава година ќе биде уште подобра. Дефинитивно овој дрес е најдобриот кога станува збор за продажба бидејќи побарувачката е зголемена за 30-40%. Побарувачката е огромна. Доколку би можеле да произведеме повеќе, повеќе и би продале“, вели Армстронг.

Дали ПСЖ привлече нови спонзори?

Тој открива и дека понудите за клупски спонзори почнале да доаѓаат како лавина веднаш штом трансферот на Меси бил потврден.

„И претходно понудите беа бројни, но сега се повеќе од кога било.  Дури и пред да го стави потписот имавме зголемување на понудите, имаше многу барања. Навистина, почувствувавме импакт во сите наши бизнис зони: од спонзорства и трговија до угостителство и билети.“

Нови партнерства беа склучени со брендови како Autohero, Crypto.com, Smart Good Things и Gorillas, а ПСЖ почна да остварува милионски профити.

Како се одрази Меси врз социјалните мрежи?

Со Меси во тимот, присуството на ПСЖ онлајн ненормално порасна. Околу 20 милиони нови следбеници беа регистрирани на сите социјални мрежи каде клубот негува профил и тоа веќе во првата недела откако Меси го стави потписот.

Оттогаш, бројките растат за еден милион на месечно ниво.

„Нашиот клуб е на рекордно ниво, со 150 милиони следбеници на социјалните мрежи. Ја забележавме и највисоката стапка на ангажираност во историјата на објавите за нов играч, повеќе од сите други заедно“, открива Армстронг.

Што е со продажбата на билети?

Меси, кој сезонава постигна 6 гола и запиша 5 асистенции во 15 настапи за ПСЖ, позитивно влијаеше и врз продажбата на билети.

Армстронг вели дека клубот е на мака да се справи со сите барања за билети, бидејќи секој домашен натпревар се распродава далеку пред датумот на одигрување. Тоа значи и дека цените полека почнаа да се покачуваат, но Армстронг уверува дека билетите за обичните места ќе останат достапни и за обичните фудбалски фанови.

„Има огромна побарувачка која ние, за жал, не можеме целосно да ја исполниме. Поради тоа размислуваме за нова стратегија, па нема да биде изненадување доколку дојде до покачување на цените. Како и да е, местата на трибините кои се за обичните навивачи ќе ги оставиме со достапни цени за секој наш навивач да може да ужива гледајќи го ПСЖ“, завршува тој.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе