Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Астрономите штотуку открија „вселенско топовско ѓуле“. Открија дека егзопланета со големина на Јупитер орбитира околу ѕвезда оддалечена околу 730 светлосни години од нас, но со неверојатна густина.

TOI-4603b има маса од речиси 13 Јупитери. Тоа значи дека има речиси 3 пати поголема густина од Земјата и нешто повеќе од 9 пати поголема од густината на Јупитер. Дополнително, планетата е во многу близок однос со својата ѕвезда. Прави круг околу неа за само 7,25 дена. Овие податоци ја сместуваат планетата во мала, но значајна категорија на светови кои му пркосат на нашето разбирање за формирањето и еволуцијата на планетите.

„Тоа е една од најмасивните и најгустите транзитни џиновски планети пронајдени досега“, рече астрономот Аканкша Канделвал од Институтот за лабораторија за физички истражувања во Индија, како што објави Science Alert.

URL
Разликата помеѓу формирањето на планетите и ѕвездите

Теоретски, законите на физиката поставуваат граница за масата на планетата. Тоа е затоа што, над одредена критична граница, температурата и притисокот врз јадрото се доволни за да се иницира нуклеарна фузија; процесот на набивање на атомите при што се создаваат потешки елементи. Минималната маса за овој процес да се случи во ѕвезда е 85 маси на Јупитер - во тој момент, атомите на водород почнуваат да се спојуваат во хелиум.

Научниците веруваат дека горната маса за планетата е помеѓу 10 и 13 маси на Јупитер. А објектите кои се наоѓаат во тој распон спаѓаат во кафеави џуџиња кои немаат доволно маса за фузија на водород, но нивните јадра може да создадат деутериум, тежок изотоп на водород на кој не му треба толку многу топлина и притисок.

Ѕвездите се формираат „одозгора надолу“, кога густата грутка во молекуларниот облак се распаѓа под влијание на гравитацијата за да формира протоѕвезда која потоа расте со грабање материјал од околниот облак. Преостанатата прашина и гас ги формираат планетите. Нивното раѓање започнува „од дното нагоре“, бидејќи парчињата прво почнуваат да се спојуваат, на крајот формирајќи поголеми јата кои прераснуваат во планети.

Се смета дека кафеавите џуџиња (небесно тело многу пати поголемо од планета, но недоволно масивно за да започне нуклеарни реакции во неговиот центар) се формираат како ѕвезди, од кластер молекуларни облаци кои се распаѓаат под влијание на гравитацијата. Тие обично кружат околу ѕвезди на прилично големо растојание од најмалку пет астрономски единици (AU); што е пет пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.

URL
Објект помеѓу планета и кафеаво џуџе

TOI-4603b ги исполнува повеќето критериуми за класификација меѓу егзопланетите, а именуван е од Канделвал и нејзините колеги. Но, тоа е точно на границата на масата на кафеаво џуџе, што значи дека може да биде важен елемент за подобро разбирање на формирањето на кафените џуџиња и џиновските планети и воспоставувањето на нивните орбити.

На пример, оваа егзопланета има орбита која е изразито овална или ексцентрична, што сугерира дека е променлива по природа, односно дека не е трајно воспоставена. Нејзината ѕвезда, исто така, има кафеаво џуџест придружник, кој орбитира на околу 1,8 AU, кој би можел да има гравитациски интеракција со TOI-4603b. Овие податоци покажуваат дека егзопланетата мигрира се поблиску и поблиску до ѕвездата од подалечна позиција.

Истражувањето Discovery of a massive giant planet with extreme density around a sub-giant star TOI-4603 наскоро треба да биде објавено во списанието Astronomy & Astrophysics Letters.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе