Откриени мејловите со барањата на Меси до Барса за нов договор

El Mundo објави мејлови помеѓу таткото на Меси и поранешниот претседател на Барселона во кои се наоѓаат неверојатни барања до каталонскиот клуб.

Се работи за мејлови од 2020 година кога Барса и Меси преговараа за нов договор. На крајот, како што е познато, Лионел Меси наредната 2021 година како слободен играч премина во ПСЖ.

„На ден 11 јуни, Хорхе Сеурт, адвокат во Cuatrecasas, испратил меил до Жузеп Мариа Бартомеу, Оскар Грау и Роман Гомес-Понти, инаку одговорно лице од  правната служба, потоа копија до Хорхе Меси и Алфонсо Небот, шеф на семејната канцеларија на Лео Меси, со детали за барањата за обнова на договорот на аргентинскиот виртуоз“, стои во објавата на AS кој пренесува записи објавени од мадридскиот дневен весник El Mundo, втор по тираж во Шпанија.

Презентираните услови за обнова на договорот се следните:

- Договор до 2023 година со можност за еднострано продолжување од Лео Меси;

- Фиксна плата: намалена фиксна плата од 20% во 2020/2021, поврат од 10% од платата во 2021/2022 и уште 10% во 2022/2023 со камата од 3% на годишно ниво;

- Исплата на неподмирените бонуси за верност, со камата;

- Места во ложата на „Камп Ноу“ за родителите на Лео Меси и Луис Суарес;

- Приватни божикни летови за целата фамилија во Аргентина;

- Во случај на раскинување на договорот доаѓа до исплата на одложените износи од сезоната 2020/2021 плус камата;

- Бонус за потпишување договор во износ од 10 милиони евра (ќе се исплати на 30.06.2023);

- Покачување на примањата во случај на покачување на даноците;

- Укинување на клаузулата за раскин на договорот, која ќе изнесува 10.000 евра.

Освен горенаведеното, како што пишуваат шпанските медиуми, Меси барал и да се решат две прашања пред да го стави својот потпис:

- Да се продолжи договорот на Пепе Коста и неговиот договор да трае колку и тој на Меси:

- Клубот мора да потпише обврска дека на Родриго Меси ќе му биде исплатена провизијта која му се должи.

Пепе Коста е поранешен фудбалер кој работејќи во Барселона стана другар со Меси, додека Родриго е постар брат на Меси кој работи како агент.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе