Откриено каков бил животот на средната класа во Помпеја

Археолозите открија четири нови соби во куќа во Помпеја, исполнета со чинии, амфори и други секојдневни предмети, што го доловува животот на средната класа во времето кога ерупцијата на Везув го закопа римскиот град во 79 година од нашата ера.

Остатоци од чинии, набрзина испразнет ковчег, кревет и камин од теракота во облик на лулка се пронајдени на два ката од претходно ископана зграда, соопштија претставници на Археолошкиот парк Помпеја. Некои беа повредни од другите - садови направени од бронза или стакло заедно со секојдневни алатки.

„Голем дел од населението во Римската империја биле луѓе кои се мачеле за корка леб, но сакале и да го подигнат својот општествен статус“, вели директорот на паркот Габриел Цухтригел.

Се стремеле кон подобар живот и статус

Археолозите правеа гипсени калапи за да репродуцираат некои од предметите од локацијата во Помпеја, една од главните туристички атракции во Италија во близина на модерниот град Неапол.

Остатокот од градба ископан во 2018 година, вклучува двор украсен со фрески од растенија, птици и сцени од лов. Нишата во која се наоѓале боговите-заштитници на домаќинството или лари, ѝ го дала популарното име на „куќата Ларарио“.

„Сопствениците на куќата Ларарио во Помпеја успеаја да го украсат дворот во кој се наоѓаат лариите и бунарот со извонредни слики, но очигледно немале доволно пари за сите соби“, додаде Цухтригел.

„Не знаеме кој живеел овде, но удобниот живот прикажан во дворот веројатно бил повеќе аспирација отколку нивната секојдневна реалност.“

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе