Откриено зошто некои луѓе имаат повеќе антитела кои ги штитат од ковид

Некои луѓе со „среќни гени“ или одредена ДНК можат да добијат дополнително силна заштита по вакцинирање против ковид, велат научници од Универзитетот Оксфорд.

Истражувачи открија дека луѓето со верзија на генот HLA-DQB1*06 имаат посилен имунолошки одговор по вакцинирање од останатите. Студијата е објавена во списанието Nature Medicine, а потребни се повеќе истражувања за да се потврдат резултатите.

Истражувачите анализирале примероци на крв од луѓе кои учествувале во пет различни испитувања, вклучително и 1.600 возрасни кои првпат примиле вакцина на Oxford-AstraZeneca или Pfizer-BioNTech.

Откриле дека месец дена од примањето на првата доза вакцина, луѓето со споменатата варијанта на ген имале поголема веројатност да имаат повисоко ниво на антитела, отколку луѓето кои имале други верзии на ген.

Студијата следела и група луѓе кои имале неделни тестови на ковид повеќе од една година по првото вакцинирање. Откриено е дека оние кои ја имале споменатата варијанта на ген имале помала веројатност да доживеат „пробивна инфекција“ во тој временски период во кој луѓето и понатаму добивале блага инфекција на ковид по вакцинација.

Научниците признале дека и други фактори придонесуваат за ризикот од добивање ковид вклучително и возраста, други болести, но и професијата. Сепак, велат дека генетиката и понатаму играла главна улога откако овие фактори ќе се земат во обѕир, пишува BBC.

Сепак, потребна е дополнителна работа за подобро да се разбере клиничкото значење на оваа специфична поврзаност, сметаат научниците. Потенцираат дека вакцините се најдобриот начин на кој луѓето можат да се заштитат од ковид и повикуваат на бустер доза оваа есен за да се зацврсти имунитетот,

Оваа зима постои страв од комбинација на грип и ковид, па ризичните групи е најдобро да се вакцинираат против двата вируса.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе