Откријте ги скриените музеи на Скопје со велосипедска прошетка

Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи цели кон одржлив развој на заедницата или „Одржливи иницијативи“ на 2 октомври (сабота) ќе прави промоција на самоводечката, велосипедска прошетка по не толку познатите музеи и културни локалитети во Скопје.

Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружјеза време на НОВ 1941-1944 во Скопје

Секој учесник ќе има можност со помош на мапа, напатствија за движење, и описи за локалитетите и музеите да посети и открива места за кои не секој знае каде се или што се.

Организаторите најавуваат две рути:

1. Низ централното градско подрачје, во должина од околу 5 км, во која ќе се посетат: Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружјеза време на НОВ 1941-1944 во Скопје; Куќата на Лазар Личеновски (од надвор); Музејот на МНТ; Музејот на старата скопска чаршија; и гранатата. За оваа рута доволен ви е обичен, било каков велосипед со катанец за заклучување. Рутата е претежно по велосипедски патеки, но има и мал дел каде се вози по нефреквентни улици.

2. Низ периферијата на Скопје, во должина од околу 35 км, во која ќе се посетат: Скупи, Римскиот аквадукт, Дендро паркот и Ботаничката градина. За оваа рута потребен ви е добар точак, пожелно да е планински точак бидејќи има делови каде се вози по земја. Рутата е претежно по велосипедски патишта, но има делови каде се вози по улица, а и точки каде се преминуваат прометни улици.

Двете рути се со строго ограничен број на учесници, заради ограничениот капацитет на музеите, но и заради практикување анти-корона мерки.

На промотивната прошетка покрај употребата на напатствијата ќе биде присутен и туристички водич на велосипед, односно редар.

Учесниците потребно е да:

- имаат исправен велосипед со катанец за заклучување;

- да имаат потврда за вакцина, или потврда за неодамна прележан COVID-19, или потврда од тест дека немаат COVID-19;

- да имаат со себе маска или марама за покривање на устата и носот при влез во објектите;

- да ја инсталираат апликацијата izi.travel;

- да понесат лично шише со вода за пиење;

- поради времетраењето, може да понесат и лична ужинка.

Се молат сите заинтересирани да се пријават со праќање на порака преку Facebook страницата на „Одржливи иницијативи“ или на contact@inicijativi.org.mk

Принципот е прв-пријавен, прв-услужен. Локацијата на чекање за почетокот на турата како и напатствијата за турата ќе бидат испратени само на учесниците.

Тие кои што не можат да присуствуваат оваа сабота на настанот ќе може да ги посетат музеите и локалитетите индивидуално со употреба на напатствијата и апликацијата. Апликацијата и напатствијата ќе бидат достапни и бесплатни за јавноста по овој настан.

Овој настан е можност учесниците да ги посетат музеите кои вообичаено не се отворени за викенд.

Настанот се организира во согласнот важечките анти-корона мерки и протоколи. Се молат сите потврдени учесници да го известат организаторот во случај на појава на симптоми на болест.

Проектот Скриените музеи на Скопје е спроведуван со поддршка од Музеј на Град Скопје, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе