Отворен конкурс на МКЦ: Публиката ќе го прави постерот за Здраво Млади 2021

Младинскиот културен центар Скопје распиша конкурс за дизајн на постерот за годинашното издание на фестивалот Здраво Млади.

„Во изминатите 10 години, на визуелниот облик на фестивалот имавме чест и задоволство да работиме со исклучително талентирани дизајнери на кои сме им неизмерно благодарни. Дизајнот за Здраво Млади 1, 2, 3 и 4 беше дело на нашиот вечен арт-директор Иван Петрушевски - Флим. Петтото и шестото издание го дизајнираше нашиот драг пријател од Загреб, Дарко Кујунџиќ, додека седмиот Здраво Млади го среди домашната Кристина Горовска. Лик на 8-то издание на фестивалот му даде Ѓорѓи Јаневски, а 9-тото и 10-тото издание го потпишаа другарите од fabricca“, потсетуваат од МКЦ.

Тие додаваат дека во тек се подготовките за 11-тото издание на фестивалот на нова музика и дека сакаат постерот/дизајнот за ова издание да го направи публиката.

„Некој/а што го сака фестивалот, кој/а имал/а идеја и замисла како може да изгледа ликот на омилениот негов/нејзин фестивал. Така што, доколку имате идеја и желба да бидете дел од фестивалот, седнете и изразете се најдоцна до 14 февруари и пратете ни предлог како мислите дека треба да изгледа дизајнот за Здраво Млади 11“, стои во соопштението.

Ќе бидат наградени три дизајни, од кои првонаградениот ќе биде официјалниот дизајн за Здраво Млади 11. Првата награда ќе биде во вредност од 12.000 денари, втората 5.000 и третата 3.000 денари.

Сите примени дизајни ќе бидат дел од групна изложба, која ќе се реализира во рамки на 11-тото издание на Здраво Млади закажано за 26 и 27 август 2021 во/околу МКЦ.

Вашите предлози испратете ги на info@mkc.mk со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе