Ова е најдобриот спортски автомобил на годината

Ниту една друга категорија немаше толку многу кандидати колку во изборот за „Спортски автомобил на годината“, што го организира специјализираното списание Auto Bild Sportscars.

Вкупно 24 модели се натпреваруваа во категоријата „Лимузини и каравани/сериски автомобили“, а победник е: Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio.

Најмоќната верзија на овој модел го наследи моделот Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio, кој беше победник во својата категорија во конкуренцијата Auto Bild Sportcars пред точно една година. Не само што обете возила ја освоија истата награда, туку се напојуваат и со идентичен V6 битурбо бензинец, кој произведува 375 kW (510 КС).

Giulia Quadrifoglio е доказ за исклучителноста на брендот Alfa Romeo, и уште помоќен израз на перформансите, победничка ДНК и карактеристичниот италијански стил. Процесот на обновување на гамата е надополнет со концентрација на софистицирани технички решенија, како и оние за перформансите, а Giulia го отелотворува најрафинираниот израз на функционалноста на италијанскиот дизајн, сето тоа во уникатен стил на брендот Alfa Romeo што не може да се копира.

Нејзините перформанси кои се водечки во класата, се загарантирани од моќниот 2,9-литарски V6 битурбо мотор кој е 100% од алуминиум, способен да развие дури 510 коњски сили и 600 Nm максимален вртежен момент при 2.500 вртежи во минута. Испораката на енергија до тркалата е одговорност на системот за векторирање на вртежниот момент Alfa™ Active Torque Vectoring. Осумстепениот автоматски менувач е калибриран за да се оптимизира флуидноста и удобноста при возењето. Во режимот RACE, Giulia го изразува својот целосен потенцијал со промена на брзините со молскавична брзина, за само 150 милисекунди.

Моделот Giulia Quadrifoglio е опремен со низа системи дизајнирани да го подобрат задоволството во возењето, притоа нудејќи му на возачот најактивно и најпривлечно возачко искуство. Тука спаѓаат Alfa Active Suspension, Alfa™ DNA Pro селекторот со режим на возење RACE и Alfa™ Active Aero splitter. Сите системи се координирани и прилагодени во реално време од единицата Alfa™ Chassis Domain Control, обезбедувајќи континуирано идеални услови за возилото и возачот да ги искористат извонредните перформанси на автомобилот.

На натпреварот „Спортски автомобил на годината“, уредниците на магазинот Auto Bild Sportcars на читателите им презентираа избор од 117 современи модели на возила во 10 категории, од мали автомобили до џипови, во стандардни и напредни верзии.

Remote video URL
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Авто новости

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Read more

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Read more

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Read more

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе