Ова лето ќе се памти, со Савана сите одмори се слатки

Водејќи се според познатата филозофија на Атиџе: „Пола за мене, пола за пчелите“, туристичката агенција „Савана“ од Скопје одлучи да се бори против потенцијалната финансиската криза наметната од пандемијата со COVID-19. Разликата е во тоа што во „Медена земја“ Атиџе ја враќаше едната половина за да им помогне на пчелите, а во „Банана република“ оваа туристичка агенција се обидува да го зема тоа што не е нивно – за да си помогне себеси, финансиски. За што станува збор?

По неочекуваниот сплет на околности, одлучив да ја откажам резервацијата за летниот одмор, а за да се информирам околу процедурата за откажување на аранжман и рефундирање на уплатените средства, стапив во телефонски контакт со „Савана“.

Вработениот во агенцијата (Ташко Робев) ме информираше дека од уплатениот износ, ќе бидат вратени само 50%, повикувајќи се на некакви специјални услови кои не се наведени во Општите услови за патување кои ги имам во прилог на Договорот за патување (бр. 11100) и кои не се составен дел од Условите за патување.

На моето прашање конкретно на кои услови опфатени во Договорот се повикуваат кога велат дека „сакаат да задржат 50% од износот“, добив одговор дека „тоа е наведено на интернет“ и дека било поради некаков „ран букинг“.

Каде е тука проблемот? Па, најверојатно во тоа што тие се обидуваат да ги убедат клиентите дека некаков текст објавен на нивната интернет страница (кој можат да го сменат во секој момент) треба да биде поверодостоен документ од Договорот заверен од нивна страна.

Тоа би му дошло нешто какo следниот пат кога ќе резервирате двокреветно студио во Неи Пори, да си објавите „специјални услови“ на личниот Facebook профил дека сместувањето треба да биде во Хотел Хилтон, а потоа да им побарате отштета затоа што не се воделе според вашите услови објавени на вашата страница. Логика? Нема.

Да појаснам, јас никогаш не сум побарал некаков попуст за „ран букинг“, ниту пак во Договорот или на фискалната сметка е наведено дека сумата која ја плаќам е според некакви „специјални услови“ или со „попуст“.

Едноставно е, колку побарале – толку добиле.
Исто како и секогаш досега (4 години по ред).

Океј. За да не испадне дека „Операторот ми дал погрешна информација“ и дека „Сето тоа било само едно големо недоразбирање“, одлучив да постапам согласно Условите за патување кои се составен дел од Договорот за патување и да ги информирам писмено дека го откажувам патувањето и дека барам поврат на уплатените средства.

Во нивниот одговор (испратен од Ана Крстевска Каламадевска), кој содржи 4.572 карактери (и е подолг од просечен магистерски труд), јасно може да се насети обидот за преплавување со што е можно повеќе небитни информации, со цел создавање на дополнителна конфузија, без воопшто да се одговорат суштинските прашања кои ги поставив. Како на пример: „Каде во договорот се наведени тие посебни услови“ и тн. Одлична тактика. Во истиот мејл, покрај сите небитни информации, не пропуштија да ми појаснат дека согласно последната Уредба на Владата – тие ќе издавале ваучери за патувања. Но, исто така ми појаснија и дека сите летни аранжмани (како што е мојот) не се под влијание на актуелната пандемија и ќе биле „третирани согласно Општите услови за патување“ – но, парите ќе ми бидат вратени само откако ќе се продаде „мојот“ аранжман на друг турист.

За да ги информираме останатите засегнати туристи, појаснуваме дека во Уредбата на Владата јасно е наведено дека издавањето на ваучерите може да се реализира исклучиво со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците. Значи, ако ви „загусти“ и ви требаат пари (затоа што со ваучери не се купува храна во продавница) и не сакате да земете ваучер, агенцијата треба да ви ги врати вашите пари.  Што му доаѓа нешто како „брат, те разбирам дека си во криза, ама и јас сум исто, па не можам да ти позајмам од моите пари“, што е сосема коректно во ваква ситуација

„Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно Туристичката Агенција и патниците“ – извадок од Уредбата донесена на 27-та седница на Владата.
 

На страна од тоа што повторно не добив конкретен одговор дали ќе ми бидат вратени сите средства или само 50% (како што првично ме информираа телефонски) сега треба и да се грижам дали ќе го продадат токму тој аранжман за да си ги повратам парите. Небаре, јас треба да доаѓам на увид во агенција, па да им водам евиденција кога и дали ќе успеат го продадат аранжманот, по која цена ќе го продадат и дали можеби и јас ќе остварам некаква дополнителна „заработка“ ако успеат да го продадат поскапо од тоа што успеале да ми го продадат на мене. Уат д фак Савана?

Ова, не само што е спротивно сите фер, етички, правни и владини уредби (и кажување на едно големо „факју“ за сите склучени договори) туку е и свесно одолговлекување за побараната рефундација на средствата („ако се продаде – ќе ви вратиме пари“).

По нивниот последен мејл, во кој повторно одбија да одговорат кога и колку од средствата ќе бидат повратени, тие само кратко напишаа: „Како веќе неколку пати напоменавме, одговор по основ на Вашето барање за отказ, ќе добиете во законски предвидениот рок“ - оставајќи ги работите да лебдат во воздух.

По ова, едно е јасно: Кризата ќе помине, но ова лето дефинитивно ќе се памтиЌе се памти и одлуката на овие туристичко-финансиски умници, кои одбиваат да ги вратат уплатените средства од откажаните аранжмани – создавајќи уште поголем товар врз грбот на граѓаните. А тогаш, ќе биде доцна да се поврати довербата на туристите, па ќе мора да им дадеме уште поголема шанса на Booking, Airbnb и сличните сервиси кои всушност имаат добро развиен систем за заштита на правата на корисниците (кој не само што е напишан, туку и се почитува). Затоа што, довербата и разбирањето треба да бидат двонасочни.

Какво е вашето искуство со туристичките агенции и дали сте имале слично искуство? Споделете го со читателите во делот за коментари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе