Голем број корисници на Twitter денес пријавија пад на оваа социјална мрежа.
Според Downdetector, во одреден период од денот корисниците се соочиле со проблеми на Twitter. Некои корисници велат дека немале пристап до мрежата.
Пред нешто повеќе од половина час, 53.000 корисници пријавиле проблеми на веб страницата Downdetector.
Повеќето пријави за пад на Twitter, околу 57 проценти, се од корисници на Twitter апликацијата, додека 35 проценти од корисниците низ светот пријавиле пад на веб страницата на Twitter.
Осум проценти од корисниците пријавиле проблеми со поврзување со серверот.
Засега не се познати причините за падот на Twitter.