Пакула: Не го уценуваме Ѓоковиќ, сакаме да ја заштитиме заедницата

Министерот за спорт на Викторија, Мартин Пакула истакна дека никој од Австралија не го уценува Новак Ѓоковиќ да се вакцинира, туку дека сакаат да ја заштитат нивната заедница.

Организаторите на Австралија Опен соопштија дека сите учесници на првиот Грен слем во сезоната мора да примат вакцина против коронавирус. Оттогаш се зборува дали српскиот тенисер ќе отпатува во Мелбурн.

Неодамна неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ изјави дека Новак нема да учествува доколку го уценуваат и условуваат.

„Ако сте тенисер од странство треба да покажете одговорност кон местото во кое доаѓате“, рече Пакула.

„Поради тоа бараме од нив да ги почитуваат истите барања кои ги почитуваат и граѓаните на Викторија. Не станува збор за уцени, само сакаме да ги заштитиме граѓаните“.

Министерот додаде дека се надева дека ќе учествува и Новак Ѓоковиќ.

„Се надевам дека ќе се вакцинира и ќе игра на АО. Но, доколку се одлучи да не го направи тоа, тоа си е негова работа“.

Ѓоковиќ не сакаше да открие дали е вакциниран.

реклама

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе