Паљука одбра кој е подобар помеѓу Онана и Мењан

Поранешната италијанска голманска легенда, Џанлука Паљука, ги спореди единиците на Интер и Милан во пресрет на вечерашниот полуфинален реванш од Лигата на шампионите.

Говорејќи за Rai Radio 1, Паљука најпрвин кажа што мисли за вечерашното дерби.

„Интер е фаворит по оние 2:0 во првиот натпревар, но јас не му верувам на овој поразен Милан. Убеден сум дека Интер има добри шанси, се надевам дека ќе оди во финалето. Но, мора да бидеме внимателни со овој ранет Милан, кој сигурно силно ќе се бори“.

Поранешниот голман на репрезентацијата на Италија (39 настапи, финале на Мундијалот 1994) потоа беше запрашан кој е подобар голман меѓу Мајк Мењан и Андре Онана, двајцата единици во своите тимови.

„И двајцата се многу силни. Јас би одел со Мењан, тој има поголемо искуство. Но, морам да кажам дека Онана игра многу важна сезона во својата прва година во Серија А“.

„Не мислев дека ќе се пробие толку брзо, мислев дека Хандановиќ ќе издржи повеќе, но потоа по само неколку натпревари Инѕаги реши да ризикува со Онана и излезе дека направи добар потег“.

„Но, Мењан во моментов е еден од тројцата најдобри голмани во светот“, заклучи Паљука, поранешен прв голман на „Нераѕурите“ со кои во 1998 го освои Купот на УЕФА.

URL

Сега 56-годишниот Паљука, родум од Болоња, ја чуваше мрежата на Интер од 1994 до 1999 година. Играше и за Болоња и Сампдорија, а кариерата ја заврши во 2007 во Асколи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе