УЕФА ЕУРО 2020

Пандев: Не издржавме, но таков е фудбалот. Против Украина одиме на сè или ништо

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, даде свое видување за вчерашниот дуел со Австрија кој заврши со победа на противникот со 3:1.

Фото: Facebook профил на UEFA EURO 2020

– Одигравме добри осумдесетина минути. Знаевме дека во второто полувреме Австрија ќе притисне. Тие се физички многу помоќни од нас. Имаат добра клупа. Ние имавме некои контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот. Примивме несреќен втор гол и мислам дека тогаш натпреварот беше решен, изјави Пандев.

Тој очекува исто така тежок натпревар во второто коло против Украина.

– Сега треба добро да се подготвиме за Украина. Овој натпревар за нас ќе биде одлучувачки. Треба да играме напаѓачки, на сè или ништо, додаде македонскиот капитен.

Пандев им се заблагодари на навивачите кои допатуваа во Букурешт и во текот на целиот натпревар даваа голема поддршка „црвено-жолтите“.

Втор највозрасен стрелец на ЕП

Пандев вчера стана вториот највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства. Капитенот на македонската репрезентација, против Австрија се запиша во листата на стрелците на возраст од 37 години и 322 дена.

Прв на оваа листа е Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол на возраст од 38 години и 256 дена на 12 јуни 2008 година против Полска.

Во Топ 5 се и: Золтан Геро од Унгарија во 2016 година со 37 години и 61 ден; Гарет Маколи од Северна Ирска во 2016 година со 346 години и 194 дена и Андриј Шевченко од Украина во 2012 година со 35 години и 255 дена.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе