Пандев: Сакам да се пензионирам со настап на ЕУРО

На 36 години вечниот Горан и натаму сонува: има две цели за годинава и тоа настап на ЕУРО со Македонија и опстанок во Серија А со Џеноа.

Џеноа доживува ново дежаву Пандев. Секоја сезона е иста приказна: Горан почнува како резерва, потоа добива минутажа и станува спасител на „Грифоните“. Така пишува Il Secolo XIX, дневен весник од градот Џенова кој направи интервју со нашиот Горан Пандев.

„Се надеваме дека и овој пат ќе биде така. Сакаме и мораме да се спасиме од испаѓање“, почнува Пандев.

„Џеноа да избори опстанок во А, а Македонија да се пласира на Европското првенство“, овие две цели му даваат желба на Горан и натаму да игра, на веќе 36 години, затоа во Италија веќе почнаа да го викаат „вечниот“.

Имаш освоено сѐ. Од каде ја црпиш целата оваа желба сѐ уште да се бориш и воодушевуваш?

„Вие се зафркавате со мене? Играм за Џеноа, најстариот италијански клуб. Со жешката атмосфера на трибините едноставно не може да не даваш сѐ од себе. Играв за големи клубови, но луѓето на „Ферарис“ знаат како да ти дадат мотив плус. Опстанокот ќе го стигнеме победувајќи дома“.

Рече дека сакаш кариерата да ја завршиш во Џеноа со настап на ЕУРО летово.

„Со Македонија на 26 март играме бараж против Косово, тоа е натпреварот на нашите животи. Но, сега мислам на Џеноа, со црвено-сините сезонава секој викенд имаме животен натпревар. Малку сум разлутен, не сакам да завршам со испаѓање од лига, тоа нема да биде убаво. Не сакам ни да помислам на такво нешто. Тоа не го заслужуваат ниту навивачите ниту пак клубот“.

Од твоите зборови и од она што се гледа на терен, не личи како за некој што ќе завршува кариера на крај на сезоната... да не сакаш да играш и на 52 години како Миура (Јапонецот Казујоши Миура и ден денес игра, заб. на прев.)?

„На таа возраст би умрел (не смее), тука секој натпревар е за инфаркт. Физички сум добар, па соиграчите ми велат: „Зошто ќе се пензионираш? Добар си, се забавуваш...“ Но, освен забавата, треба и пот... ќе видиме... сега се концентрирам ден за ден“.

В недела доаѓа Рома: се сеќаваш на овие 3:3 од есенскиот дел?

„Секако, тогаш никогаш не ни помислував дека во јануари ќе бидеме во зоната за испаѓање. Но, реалноста е таа, додека тие се борат за Лигата на шампиони. Жал ми е за Ѕаниоло, ќе се врати посилен, тој е шампион. За нас ќе биде тежок натпревар, но, мораме да освојуваме бодови. Нашите навивачи ќе бидат нашата сила. Сепак, на соиграчите им реков дека ние сме тие кои треба да ги запалиме навивачите со нашата игра, давајќи сѐ од себе. Тие секогаш ни помагаат, сега редот ни е нам, платени сме за тоа, мораме да преземеме одговорност. Променивме еден куп тренери, но на терен играат играчите: мораме и можеме да покажеме повеќе“.

Целосното интервју е достапно во пишаната верзија на весникот Il Secolo XIX.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе