СЕРИЈА А 2019/20

Пандев: Уште победа во ова дерби ми фали

Филип Здравески
/ 22.07.2020 / 14:45

Џеноа и Горан Пандев вечерва го играат големото Дерби дела Лантерна против лутиот градски ривал Сампдорија, а нашиот фудбалер никогаш не се радувал на победа во ова дерби.

Пандев против Гастон Рамирес во дербито на Џенова

„Постигнав 9 голови, но искрено, за мене не се важни. Да дојдам до двоцифрен број и да обезбедиме опстанок, е тоа би било топ“, почнува Пандев во интервју за Sky Sport.

Џеноа моментално се наоѓа на последното место кое гарантира опстанок во Серија А. На 4 кола до крајот има 4 бода предност пред Лече кој атакува на нејзината позиција. Дербито со Сампдорија се игра вечерва од 21:45 часот на „Луиџи Ферарис“ стадионот кој е домашен и на двата клуба.

„Имам 36 години (полни 37 на 27 јули), зрелоста ја имам, но на вакво дерби потребни се и други работи. Ни остануваат уште 4 важни натпревари, а овој со Самп е само првиот. Подготвени сме, знаеме што нѐ чека и едвај чекаме да излеземе на теренот“.

Играјќи за Лацио и Интер нашиот најдобар фудбалер настапуваше на римското Дерби дела Капитале и на миланското Дерби дела Мадонина. И на двете се има радувано на победи, но откако е во Џеноа нема победа во градско дерби. Неговиот тим во последните пет сезони само еднаш го совлада градскиот ривал и тоа со 3:0 во 2016, но тогаш Пандев преседа на клупата. Таква победа не се рачуна. Последното дерби, пак, она од оваа сезона, го пропшушти поради суспензија поради црвен картон.

„Освоив триплета и сум победил на секое дерби, но ми фали само ова, кое за мене е табу. Ќе ми биде многу криво доколку ми остане ова непобедено, па се надевам дека овој пат ќе ми се посреќи. Не знам дали победа денес ќе значи опстанок, ќе има уште три натпревари, Лече и останатите не се откажуваат. Но, ние ќе играме до крај“, вели тој.

На Сампдорија Пандев ѝ дал само еден гол и тоа играјќи за Лацио во 2008 година.

„Табелата вели дека Самп е фаворит, но ова е посебен натпревар. Тие се безбедни, ние сме под притисок, но вакви натпревари веќе имаме играно. Можам да ветам дека на овој натпревар ќе го оставиме срцето на терен и се надевам дека ќе ги усреќиме нашите навивачи и ќе ја постигнеме нашата цел, која е опстанок“, завршува Горан.

Статистика на Пандев во италијанските дерби натпревари:

Дерби дела Капитале (Лацио - Рома)
- натпревари: 8
- победи: 3
- нерешени: 2
- порази: 3
- голови: 2

Пандев пред Матео Бриги од Рома во 2008

Дерби дела Мадонина (Интер - Милан)
- натпревари: 3
- победи: 1
- нерешени: 0
- порази: 2
- голови: 1

Пандев во дуел со Андреа Пирло на миланското дерби

Дерби дела Лантерна (Џеноа - Сампдорија)
- натпревари: 4
- победи: 0
- нерешени: 1
- порази: 3
- голови: 0

Бидејќи Пандев никогаш не бил дел од Јувентус или Торино, нивното градско Дерби дела Моле никогаш немал шанса да го игра. Тое е единственото од четирите италијански градски дербија чија атмосфера не ја вкусил. Три сезони настапуваше за Наполи, но и покрај тоа што Неапол е еден од најголемите градови во Италија, има само еден голем клуб и поради тоа нема градско дерби.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more
 

Спорт

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе