Panini албум за Мундијалот 2018: Ќе потрошите 38.680 денари за сликички

Математичарот Пол Харпер направи проценка дека за пополнување на албумот за годинашното Светско првенство во Русија ќе ви бидат потребни 4.835 сликички, односно 967 пакетчиња, имајќи ги предвид и дупликатите.

За оваа цел ќе потрошите 38.680 денари, со оглед на тоа дека едно пакетче со 5 сликички чини 40 денари. Тоа е двојно повеќе отколку за сумата потрошена за албумот за Европското првенство во 2016 година.

Треба да соберете вкупно 682 сликички, бидејќи на страниците на албумот има 32 екипи, нивните тренери, стадионите на кои ќе се играат натпреварите, како и легендите на светското првенство.

Едно пакетче со сликички чини 40 денари, што е за 60% поскапо од цената на пакетче за Европското првенство во фудбал пред две години.

Ако купите 137 пакетчиња и ја имате таа неверојатна среќа да не добиете ниту еден дупликат, ќе потрошите 5.480 денари за да го пополните албумот.

Размената значи заштеда

Еден начин за заштеда е размената на сликички со пријатели и други фанови, но дури и со оваа тактика, собирањето на албумот е скапа забава.

Ако разменувате сликички со десет луѓе, според пресметките на Харпер ќе заштедите во просек околу 12.300 денари.

Тој направи слична калкулација за албумот за Европското првенство во 2016 година со 680 сликички. Трошокот тогаш изнесуваше 17.000 денари, што знали дека цената се зголемила двојно.

Сликичките за албумот Panini за Светското првенство 2018 веќе е пуштен во продажба во Македонија.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе