Париз пресече: 3 пати поскап паркинг за големите СУВ возила

Парижаните гласаа за тројно зголемување на трошоците за паркирање на спортските теренски возила (СУВ).

На вчерашниот референдум, кој будно го следеа и другите главни градови, 54,6 отсто од луѓето гласаа за посебни давачки за паркирање теренци, покажуваат привремените резултати.

Сепак, одѕивот - од околу 5,7% од регистрираните гласачи во Париз - беше помал отколку што се надеваа зелените активисти.

„Парижаните направија јасен избор... ќе следат и други градови“, рече социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, додавајќи дека безбедноста на патиштата и загадувањето на воздухот се клучни причини за гласањето.

Идалго претходно изјави дека зголемувањето на цените за паркирање на големи возила е „облик на социјална правда“. Таа рече дека предлогот е намерно насочен против најбогатите возачи на скапи, тешки и загадувачки автомобили кои сè уште не го промениле своето однесување за да одговорат на климатската криза, пишува The Guardian.

Од 12 до 18 евра на час

Новите цени за паркирање би можеле да стапат на сила на почетокот на септември. Цената на паркирањето на улица за теренци ќе се зголеми на 18 евра на час во центарот на Париз и 12 евра на час во остатокот од градот.

Цените ќе важат за возила со тежина над 1,6 тони со мотор со внатрешно согорување или хибридни возила и за електрични возила со тежина над 2 тона.

Тони Ренучи, директор на кампањата за квалитет на воздухот Respire, рече: „Резултатот од гласањето е победа за квалитетот на животот на парижаните“. Тој додаде дека Париз испраќа порака дека „присуството на овие чудовишта на тркала повеќе не е добредојдено на улиците“.

Емануел Грегоар, заменик-градоначалник на Париз, објави на X: „Потешки, поопасни, позагадувачки... СУВ возилата се еколошка катастрофа“.

Минатата година, Париз одржа слично гласање за тоа дали да ги забрани изнајмените електрични скутери и последователно стана првиот европски главен град што го стори тоа. Одѕивот за тоа гласање – 103.000 луѓе, околу 7% од регистрираните гласачи – беше поголем отколку за гласањето за СУВ.

Бројот на велосипедисти е зголемен за 71 отсто

Под Идалго, Париз со години го зголемува притисокот врз возачите со зголемување на трошоците за паркирање и постепено укинување на возилата на дизел, додека ја прошири мрежата на велосипедски патеки во преполниот главен град.

Градот го намали бројот на улични паркинг места за возачите да можат да користат подземен паркинг.

Помеѓу крајот на локдаунот поради коронавирусот, до 2023 година, има зголемување од 71 отсто во користењето велосипед, објави градското собрание.

Заменик-градоначалникот на Париз задолжен за транспорт, Дејвид Белијард од Партијата на зелените рече дека околу 10 отсто од возилата во Париз ќе бидат погодени од повисоки такси за паркирање, што може да му донесе на градот до 35 милиони евра годишно.

Лоби-групата за возачи 40 милиони д'автомобилисти тврдеше дека возачите треба да бидат слободни да избираат кое било возило што сакаат, предупредувајќи дека потегот за покачување на цените за паркирање е неоправдан и дека е дело на „ултра-урбано и антиавтомобилско малцинство“.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Авто новости

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе